1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Купер: Никој нема да ја принудува Србија да го признае Косово

28 декември 2011

Посредникот на ЕУ во дијалогот на Србија и Косово, Роберт Купер, изјави дека никој нема да ја приморува Србија да го признае Косово.

https://p.dw.com/p/13aTw
Роберт КуперФотографија: CC-BY-EU

Во интервју за денешното издание на „Вечерње новости“ посредникот на ЕУ истакна дека верува оти е можен договор на двете страни и дека Брисел нема намера да ја доведува во прашање Резолуцијата 1244 на ОН, ниту уставот на Србија. Роберт Купер, кој нагласи дека датумот на продолжување на преговорите не е прецизиран, рече дека очекува тие да продолжат во јануари. Збпрувајќи за состојбата на северот на Косово, Купер го повтори ставот на ЕУ дека сите барикади мора да бидат тргнати и да се обезбеди слобода на движење.

Инаку, денеска, во четири општини на северот на Косово ќе бидат одржани седници на општинските собранија, на кои ќе се расправа за референдумот околу тоа дали Србите ги прифаќаат косовските институции или не. Претставниците на Србите од Косовска Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток се сретнаа овој викенд и тогаш беше најавено дека референдумот најверојатно ќе биде одржан на Денот на државноста на Србија, 15 февруари.

Автор: ЕМФ/бета

Редактор: Борис Георгиевски