1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Купувачот во Македонија не секогаш е во право

15 март 2011

Светскиот ден на заштита на потрошувачите во Македонија се дочекува со проблематичен биланс. Во 2010 граѓаните повеќе од 4000 пати се жалеле до Организацијата за заштита на потрошувачите за повреда на нивните права

https://p.dw.com/p/R9Iz
Фотографија: Petr Stojanovski

Купувачот е секогаш во право. Неговото височество потрошувачот мора да биде заводолен од производот што го купува или од услугата што ја плаќа. Овие премиси на пазарната економија важат и во Македонија но во пракса барем кога се прашуваат граѓаните не е така.

Потрошувачите не се доволно заштитени

Mazedonien Land und Leute
Граѓаните најмногу се жалат на квалитетот на прехранбените производиФотографија: Petr Stojanovski

Анкетата на Дојче Веле покажува дека потрошувачите имаат безброј забелешки. Некогаш за услужливоста, уште повеќе за квалитетот.

Денешниот светски ден на потрошувачите во Македонија го обелоденува општиот впечаток дека уште многу треба да се стори за заштита на правата на потрошувачите. Законската регулатива е услогласена со европската, последно во низата е усогласувањето на Законот за заштита на потрошувачите со директивата за нечесно пазарно однесување. Тоа овозможува уште поголем простор за заштита на потрошувачките права вели Маријана Лончар Велкова, претседателка на организацијата за заштита на потрошувачите.

Стоп за нечесното пазарно работење

Најголема главоболка на граѓаните им задаваат монополските компании. Се побројни се претставките и до Народниот правобранител во кој граѓаните се жалат дека овие фирми ги повредуваат потрошувачките права на граѓанинот.

Kroatien Land und Leute Einkaufen in Zagreb
Фотографија: Ognjen Alujevic

Лоша услуга недостојна за цената, слаб квалитет на прехранбените производи. Тоа се најчесто забелешките на граѓаните.

Надлежните немаат податок колку од претставките на граѓаните имаат основа за судски процес во кој потрошувачот ќе докаже дека одредено право му е прекршено и ќе добие соодветно обесштетување за тоа. Стоп за нечесното пазарно однесување е мотото на годинешното одбележување на светскиот ден на потрошувачите во Македонија.

Автор: Горан Петревски

Редактор: Симе Недевски