1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Kurden Gül

21 октомври 2011

По последиот напад на курдските бунтовници во Турција во кој загинаа 24 турски војници, турско- курдскиот конфликт уште повеќе се оддалечи од можно политичко решение. Баха Гингер коментира.

https://p.dw.com/p/12vnI

Што навистина се променило во Турција од август 1984 година, односно од почетокот на војната на милитантната курдска сператистичка организација ПКК (Работничка партија на Курдистан) против НАТО-членката? Во основа ништо! ПКК, која во меѓувреме САД и ЕУ а со тоа и Германија ја прогласија за „терористичка организација“, ја залажува меѓународната јавност со самопрогласени прекини на огнот за потоа со нови напади да го навлекува на себе гневот на турското население. Турција реагира со одмазднички операции против курдските терористи и преку границита во северен Ирак, меѓутоа не успева на долг рок да ги смири тензиите.

Deutsche Welle Türkische Redaktion Bahaeddin Güngör
Баха Гингер, редакција на турски јазик во Дојче ВелеФотографија: DW

Истрајувањето на стратегијата на крвопролевање се граничи со глупост

На крајот сите надежи за мирно решавање на курдскиот проблем во Турција се задушени, зашто постојано една цела земја тагува по војниците, убиени од страна на ПКК.

Теророт на ПКК ги блокира сите патишта кон мирот и го остава курдскиот проблем во ќорсокак. ПКК, која воено дејствува од северен Ирак, силно ги попречува сите напори за политички пресврт. Новите курдски пратеници во турскиот парламент, на кои им се префрла дека се блиски со ПКК, неодамна поднесоа заклетва на функцијата. Има извештаи за контакти меѓу припадници на турскиот безбедносен апарат со претставници на европскиот огранок на Курдската работничка партија со цел постигнување мировно решение.

До мир во курдскиот проблем може да се дојде само ако засегнатите страни прескокнат преку своите сенки. Истрајувањето на стратегијата на крвопролевање е лудост и се граничи со глупост.

Турците ги навредува критиката

Најновиот напад на ПКК со 24 убиени војници кои сега се жалат и погребуваат како „маченици“ е еден од најтешките во последните 28 години. Трагичниот рекорд од 1993 година, кога беа убиени 33 млади турски војници без униформи, кои беа на пат да стапат на воена должност, значи и натаму опстојува.

Во моментов е многу лесно и примамливо Турција да се критикува за нејзината одмаздничка акција во Северен Ирак и да се повикува на политички решенија. Многу Турци не им веруваат на своите очи.

Ако САД можат да ги испраќаат своите војници во Ирак и во Авганистан во борбата против меѓународниот тероризам, ако европски и германски војници мора да гинат за да се избори безбедноста во илјадници километри оддалечената Европа или Германија, тогаш критиката за Турција поради нејзините воени акции против ПКК надвор од нејзините граници нема никаква основа.

Автор: Баха Гингер

Подготвил: Симе Недевски

Редактор: Ж.Ацеска