1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Куршумите се заменети со војна на зборови

Александар Чомовски16 мај 2008

Трет ден без инциденти во изборната кампања. Медиумско-дипломатскиот притисок продолжува.

https://p.dw.com/p/E10o
Ерван Фуере со остри предупредувањаФотографија: Macedonian Information Agency

ЕУ- амбасадорот, Ерван Фуере, преку телевизијата, Алсат, која е најгледана меѓу Албанците, праша зошто само тие во Македонија сеуште ги применуваат средствата на насилство, наспроти демократските избори во Албанија и Косово.

Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ, Роберт Бери, ја подготвува првата верзија на привремениот извештај за изминатиот дел од изборниот циклус, кога беа регистрирани околу 15 сериозни инциденти со насилство.

Ако во Македонија нема мирни и фер избори, нема потреба да се плашиме од грчко вето, зашто македонското вето ќе биде веќе на маса, рече лидерот на СДСМ, Радмила Шеќеринска.