1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Куса тревога поради чад во Белата Куќа

СН/ртр/ап11 мај 2013

Западното крило на Белата куќа во Вашингтон денеска (11.05) беше евакуирано откако се вклучил алармот за чад. Претседателот Барак Обама и семејството не биле во опасност.

https://p.dw.com/p/18WCq
Фотографија: NICHOLAS KAMM/AFP/Getty Images

Претставник на властите во Вашингтон, по веста дека било евакуирано западното крило на Белата куќа, што ја пренесоа американските телевизии, соопшти дека тоа било сторено бидејќи имало дефект на електричниот трансформатор во близина на западното крило на резиденцијата на претседателот на САД, поради кој се вклучил алармот за чад.

„Проблемот со трансформаторот беше брзо решен. Снабдувањето со електрична енергија и пристапот на персоналот до западното крило се вратени во нормална состојба“.

Претставникот на Белата куќа уште додаде дека претседателот на САД Барак Обама и неговото семејство не биле погодени од инцидентот.

Овалниот кабинет на претседателот и кабинетите на неговиот персонал се наоѓаат токму во западното крило на Белата куќа.