1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Кјуриозити“ откри траги од вода на Марс

ЖА/дв28 септември 2012

Роботот „Кјуриозити“ според американската вселенска агенција НАСА открил траги од некогашен воден поток на планетата Марс.

https://p.dw.com/p/16GmY
Фотографија: dapd

Претходно, исто така, имало знаци дека пред многу време на Црвената планета имало вода, но новите снимките направени од роботот ги нудат најубедливите докази досега за постоењето на древна река на Марс.  На нив се гледаат камчиња што изгледаат како да се измазнети од вода. Според научниците, камчињата биле носени од буен поток, во кој водата била длабока до глуждовите или до колената, а нејзината брзина била неколку метри во секунда.

Сега Марс е правлива и сува планета, но научниците сметаат дека некогаш таа била потопла и на неа имало вода. Роботот „Кјуриозити“ минатиот месец слета во кратер на екваторот на Марс.