1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Ладно исклучување“

16 декември 2011

Јапонските власти објавија дека нуклеарната централа во Фукушима 1 конечно постигнала „ладно исклучување“, што значи дека е стабилизирана и повеќе нема истекување на значителни количества радијација.

https://p.dw.com/p/13UIv
Погодената нуклеарка Фукушима 1Фотографија: picture-alliance/dpa

По огромните оштетувања предизвикани од катастрофалниот земјотресот и од цунамито на 11 март годинава во атомската централа Фукушима 1 конечно можела да се спроведе т.н „студено исклучување“, соопштија властите во Токио .

„Ладно исклучување“ значи дека во моментов во нуклеарката Фукупима која се наоѓа 250 километри североисточно од Токио повеќе не се случуваат нуклеарни реакции и само мало количество радијација истекува во непосредната околина. Тоа воедно значи и крај за вонредната состојба во централата и можност за нејзино натамошно чистење. Сепак, експертите оценуваат дека ќе поминат децении на комплицирана и опасна работа за нејзино безбедно затворање.


Премиерот Јошихико Нода пред седум дена најави дека нуклеарната електрана во Фукушима ќе биде прогласена за стабилна до крајот на 2011 година. Еден од
условите е температурата на трите истопени јадра на реакторот да се спуштат
под точката на вриење Нода минатата недела потврди дека температурата во реакторите се спуштила под таа точка.
Исто така, истекувањето на радијацијата од централата Фукушима 1 значително
опаднало од почетокот на кризата на 11 март.
Тоа се двата главни услова за постигање на она што јапонските нуклеарни
експерти го нарекуваат „студено исклучување“.

Автор: ЖА/СН/афп/дпа/мф

Редактор: Симе Недевски