1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ламби од талог од кафе

Џули Курц/ Александра Трајковска 16 јули 2012

Освен што на талог од кафе, многумина ја предвидуваат иднината тој може да има друга намена. Уметникот Фермин Бенеди Бајер од Бремен со него дизајнира украсни ламби.

https://p.dw.com/p/15TwO
Фотографија: Bilderbox / DW Montage

Игра на светло и сенки. Осветлување за во домот, ламби за на ѕид или подни ламби како од фантазијата.

Секоја од овие ламби е уникат а сите се направени од талог од кафе!

Нив ги дизајнираше Фермин Бенеди Бајер. Дизајнерот од Бремен не само што обожува да пие кафе, туку има наклонетост и за остатокот од него. „Не мора се’ да се фрла. Денес многу често го правиме тоа со сите можни работи. Мислам дека е многу добро, ако работите кои ги користиме во секојдневието, кои инаку би ги фрлиле, ако тие може уште еднаш да се употребат. И од нив да може да се направат убави работи", вели Бајер.

Идејата ја доби пред три години појадувајќи - оттогаш вредно се собира талогот. Уметникот отвори вистински магацин за собирање на талогот.

Trendreiseziel Deutschland Berlin Flash-Galerie Prenzlauer Berg
Ако му недостасува материјал дизајнерот се снабдува од кафулињатаФотографија: picture alliance / dpa

За една ламба потребно е да го испразнува талогот од шолјите кафе две недели. Три на ден. Но што ако резервите не се доволни? „Тогаш одам во кафулето и прашувам дали тие имаат. Тие секако фрлаат многу талог", подвлекува уметникот.

Рецептот е тајна

Талогот кафе го надополнува со органско средство за врзување. Рецептот е строга тајна. На тој начин успева да модулира комплицирани орнаменти, без притоа талогот кафе да се изрони. За тркалезните форми на ламбите помагаат балони.

Уметникот е воодушевен од талогот од кафе како материјал за обработка: „Тоа е слична приказна како со глината. Може да се гмечи и да се размачкува. Кога се мокри може да се остави и малку да се натопи. Предноста е во тоа што не мора да се пече кога е суво, повеќе има карактеристики на дрво. Може да се дупчи, да се шлифува и пили“.

Макотрпна рачна работа. На уметникот му се потребни повеќе недели за изработка на уникатните ламби од талог од кафе.

Уникати, кои мирисаат на кафе?

Symbolbild Kaffee Fairtrade Kaffeebohne
Од кафе до уметностФотографија: Fotolia

„За жал не, оти со варењето на кафето испаруваат ароматските материи и кога се спојуваат со врзниот метријал сето се запечатува така. Штета, би било убаво кога ламбите би мирисале малку на кафе. Но за жал не мирисаат“, вели Бајер.

Материјалот не се препознава веднаш

Една ламба чини од 180 евра нагоре. Фермин Бенеди Бајер туку што започнува со овој бизнис. Дури и љубителите на кафе веднаш не можат да препознаат од кој невообичаен материјал се изработени ламбите.

„Тие не изгледаат како талог. Мислам дека помалку делуваат како рѓосан метал".

„Нешто органски! Изгледа како зацврстен тресет!“

„Ако мора да се закачи картичка дека оваа ламба е изработена од талог од кафе, секој ќе праша, што е со оваа ламба? Но интересно е".

Ламби од талог од кафе - генијална идеја? Одговорот засега ќе се најде ако се гледа на кафе.