1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лајпцишкиот саем на книгата останува на курсот на успехот

25 март 2004

Со свеченост синоќа во Лајпциг беше отворен традиционалниот саем на книгата,кој ќе трае до в недела.Годинава на него учествуваат повеќе од 2000 излагачи од 28 земји.Паралелно фестивалот на читателите “Лајпциг чита” нуди околу 1200 организирани читања и презентации со повеќе од илјада гости

https://p.dw.com/p/AeVp
Фотографија: AP

Лајпцишкиот саем на книгата останува на курсот на успехот,годинава бројот на излагачите е за пет проценти поголем од лани.Особено на малите издавачи саемот им нуди низа поволности за привлекување на читачката јавност.Со релативно мали вложувања нуди можност за стекнување внимание и директни читатели и купувачи,што привлекува во саксонската метропола бројни излагачи.Дитер Шорман,првиот човек на здружението на германските издавачи,оваа навала на излагачи ја вреднува како индиција за пробив по последните две кризни години за трговците со книги и издавачите:

-Зашто во овие две години се случија многу работи во издаваштвото, имаме нови достигнувања,нови продажни места,модернизирани последниве две години,кои значеа прилагодување кон промените на пазарот.

На годинешниот фестивал “Лајпциг чита”пак освен познатите писатели како Криста Волф,Гинтер Кунерт,Ерик Емануел Шмит,Адолф Мушх,Виктор Јерофејев и други,се пприсутни и бројни глумци и политичари како Хелмут Кол и Ангела Меркел.

-Трајно место на саемот за книги има и аудио книгата.Овој динамичен и експандирачки пазар во минативе години, кои беа кризни за издаваштвото оствари плус во прометот и бележи 10 проценти.Трендот почна пред четири години со ставањето на аудио книгите како тежишна точка на саемот.

Покрај новитетите,саемот на книгата во Лајпциг останува верен и на традиционалните тежишта,а особено сега на функцијата на мост кон средна и источна Европа.Ќе бидат организирани бројни претставувања на литературата на новите земји членки на ЕУ и ќе се дискутира за улогата на проширена Европа.Дитер Шорман:

-Затоа што за неколку недели претстои проширувањето на ЕУ со источните земји,саемот во Лајпциг добива ново значење,како место каде се слеваат читатели,купувачи,интелектуалци и посетители на саемот.

Годинава се очекува посета на околу 100 илјади луѓе на Лајпцишкиот саем на книгата.