1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Леверкузен остана на врвот

30 ноември 2009

Бајер Леверкузен суверено чекори кон титулата есенски првак во Бундеслигата. Останатите конкуренти за врвните позиции немаа среќно коло, освен Бајерн од Минхен кој повторно се врати на победничките патеки.

https://p.dw.com/p/Kkph
Кислинг (лево) и Дердијок стрелци на головите за ЛеверкузенФотографија: AP

Оваа сезона за Бајер Леверкузен постои само една цел -шампионската титула во Бундеслигата. Таа би била прва во клупската историја по 31 година играње во првата фудбалска лига на Германија. И по ваквиот настап во неделата против Штутгарт, по досегашниот тек на сезоната таа титула би била заслужена.

„Се‘ едно дали сме први на табелата или не, ние против Штутгарт изгравме во најголем дел извонреден фудбал и екипата на Штутгарт не е толку лоша како што покажува резултатот“ , изјави по мечот тренерот на Бајер, Јуп Хајнкес.

Надмоќта на Леверкузен четирипати беше изразена во голови, преку трите на извонредниот Штефан Кислинг и едниот погодок на Ерен Дердијок. Со тоа Бајер ја зголеми на три бода предноста на табелата пред второпласираниот Вердер. Екипата од Бремен, пак, ја продолжи нејзината впечатлива серија од 21 натпревар без пораз и против актуелниот шампион Волфсбург. Изедначувачкиот гол за 2:2 против „Волците“, домашниот Бремен го постигна во последната минута.

Bundesliga Hannover 96 gegen Bayern München
Баварците повторно победуваатФотографија: AP

Бајерн со победа-подарок за Ули Хенес

Почетокот на средбата меѓу Хановер и Бајерн Минхен мина во знак на споменот на голманот на Хановер и на германската репрезентација Роберт Енке, кој неодамна изврши самоубиство. Со транспаренти и пароли навивачите му оддадоа почит на омилениот играч. Со почетниот свиреж на судијата целото внимание беше насочено кон мечот со Бајерн. Двете екипи играа офанзивно, со многу шанси, но погодуваше само Бајерн и тоа три пати. Стрелецот на последниот гол Марио Гомез по мечот изјави:

„Во меѓувреме се искачивме на четвртото место. Сите наши конкуренти не успеаја да победат. Се’ на се’ ова беше многу убав викенд. Ули Хенес, довчерашниот менаџер, а сега претседател на Бајерн, посака победа и денеска му ја остваривме желбата.“

По седум средби без пораз, екипата на Шалке 04 викендов загуби на гостувањето во Менхенгладбах од домашната Борусија со 1:0. Хамбургер, пак, повторно пропушти победа, по водството од 1:0 на гостувањето во Мајнц. Тренерот Бруно Лабадија не беше задоволен од нерешениот резултат 1:1 и веќе цели шест натпревари чека на победа:

„Дека во моментов немаме среќа, тоа не можеме да го промениме, но мораме да кажеме дека можевме и самите да направиме повеќе на овој натпревар.“

Херта закована на дното

Friedhelm Funkel
Поразот против Франкфурт беше шести за тренерот Фридхелм Функел откако ја презеде ХертаФотографија: picture-alliance/ dpa

Борусија од Дортмунд, пак, значително ги намали шансите на Хофенхајм за повторно освојување на титулата есенски првак во Бундеслигата. Во жесток натпревар гостите од Дортмунд славеа со 2:1.

Во дуелот на двајцата новајлии во лигата, Фрајбруг славеше со 1:0 нагости во Нирнберг. На дното на табелата, пак, ситуацијата за Херта станува се‘ поопасна. Берлинчани загубија на на домашниот Олимписки стадион од Ајнтрахт од Франкфурт со 3:1. Со само 5 бодови од 15 средби, Херта останува закована на самото дно. Во петокот, во првиот натпревар од 14. то коло во Бундеслигата, екипите на Бохум и Келн играа без голови 0:0.

Автор: Тобијас Елмајер / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска