1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Легендарната таверна во Лајпциг

19 мај 2008

Ауербах Келер е еден од најстарите германски пабови. Благодарение на „Фауст“, познатото литературно дело на Гете, таверната во Лајпциг стана една од најпознатите во светот.

https://p.dw.com/p/DsTL
Ауербах Келер стана познат по гетеовиот „Фауст“Фотографија: dpa

Ауербах Келер, пријатна и речиси 500 години стара пивница во источно-германскиот град Лајпциг, нуди специјален пијалок – „Мephisto`s Feuer“ или „Пламенот на Мефисто“. Неверојатно вкускиот пијалок е наречен по еден од најпопуларните фиктивни ликови на Гете.

Пабот, кој се ноѓа во сутеренски простории, е лесно да се најде. Треба само да ја поминете познатата „Mädler passage“ во центарот на градот и ќе ги видите бронзените фигури изработени од уметникот Метју Молитор ( 1873 - 1929). Фигурите, изработени според главните ликови на „Фауст“ од Гете, покажуваат на подземјето каде се наоѓа пабот.

Хенрих Стромер од Ауербах (Баварија) , во 1497-та година се преселил во Лајпциг. Физичарот по професија, се оженил со ќерката на пратеникот Ханс Химелхајн, од кого Стромер ја наследил зградата која подоцна остана врежана во литературните анали и во историјата на пиењето.

euromaxx a la carte 28.04.2005 restaurant 1
РесторанФотографија: dw-tv

Стромер во подрумот на зградата во 1525-та година отворил вински бар. Тоа била втора отворена таверна во Лајпциг и една од најстарите во Германија. Со текот на времето таа станала популарно место за собирање на студентите и професорите.

Пакт со ѓаволот

Јохан Волфганг фон Гете, најпознатиот германски поет, за време на неговите студии во 1760-те, минал многу време во Ауербах Келер. Познат по неговата елоквентност, знаел и да ужива испивајќи чаша или две вино. Или, можеби малку повеќе – за поетот се вели дека знаел да испие дури и три шишиња вино на ден.

Ауербах Келер истовремено станал извор на инспирација за Гете. Според легендата, историскиот Др. Фауст, контроверзен маѓепсник и алхемичар од Витенберг, бил измислен во таверната, во 1525-та година. Гете го искористил како главен лик во неговото ремек- дело „Фауст“, приказна во која средновековниот ученик прави пакт со ѓаволот.

euromaxx a la carte 28.04.2005 restaurant 2
ГостилницаФотографија: dw-tv

Сцените и легендите од приказната за Фауст ги покриваат ѕидовите , но и таванот на Ауербах Келер. Историските слики, како и скулптурите на уметници од повеќе ери, во пространата просторија ја портретираат посетата на ученикот и присуството на ѓаволот.

Графички цртежи нема само во легендарниот паб во Лајпциг, туку тие можат да се видат и на поштенски марки, на книги, салвети, пехари, колачи, бисквити и на многу други сувенири.