1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Летаат „пердуви“ во Кукурику коалицијата

Игор Ласиќ/Б. Георгиевски20 јануари 2013

Во хрватската владејачка коалиција има се помалку слога. Причина се парцијалните интереси меѓу партнерите во владата, но уште повеќе нервозата поради неуспехот на владата во борбата со економската криза

https://p.dw.com/p/17Mvd
Фотографија: picture-alliance/dpa

Внатрешни тензии го тресат сојузот на хрватските партии во власта, т.н. Кукурику коалиција, и тоа речиси два месеци. Има повеќе показатели за таа констатација, но останува да се види кои се вистинските причини за кризата, односно нејзиниот контекст и размери, како и можните последици за земјата во целина. Се’ започна со влошувањето на односите меѓу СПД и ХНС, а продолжи со проблеми на релацијата меѓу социјалдемократите и Истарскиот демократски сабор ИДС.

Односите на СПД со ИДС се влошија откако социјалдемократите одлучија да го вклучат во своите редови одметникот од редовите на истарската партија, пратеникот Дамир Кајин. Очигледно СПД сакаше на овој начин да ги зајакне своите позиции во Истра на претстојните локалните избори.

„Не верувам дека тоа ќе доведе до распад на коалицијата и предвремени избори, но ќе заслабнат нејзиното влијание и легитимитет“, вели професорот Зоран Маленица од Правниот факултет во Сплит, социолог и политички аналитичар.

Zoran Malenica Rechtswissenschaftler in Kroatien
Зоран МаленицаФотографија: Leo Nikolic

„Мислам дека одлуката на СПД за самостоен настап на изборите во Истра, со што се прекинува долготраен неформален сојуз, не е добра. Кукурику коалицијата се собра со цел да се извлече земјата од долготрајната криза, а сега во прв план се ставаат интересите на поединечна партија“, вели Маленица.

Вицепремиерот го чека затвор

Што се однесува до ХНС, со нив СПД ги влоши односите поради фактот дека довчерашниот потпретседател на владата и лидер на ХНС Радимир Чачиќ во Унгарија е осуден на 11 месеци затвор поради сообраќајна несреќа во која загинаа две лица. Денес, и покрај тоа што се очекува пресудата да стане правосилна, а Чачиќ да замине на отслужување на казната, тој и понатаму делува како челник на ХНС и сива еминенција во дел од владата.

Медиумскиот политички аналитичар Маринко Чулиќ смета дека самиот избор на личност на која и се заканува затворска казна на местото потпретседател на владата бил крајно неразумен, па не е ни чудо што денес во коалицијата „летаат пердуви“. Кога станува збор за односите на СПД со истарската ИДС, Чулиќ вели дека проблемите можеле да се предвидат затоа што таа партија не функционира добро во комбинација со блиската политичка опција која е на власт во Загреб.

„Тоа се виде уште во времето на Ивица Рачан. Се работи за партија која има премногу регионален карактер. Поради тоа не требаше да се отфрли соработката со нив, но премиерот и лидер на СПД, Игор Милановиќ не требаше да се меша во внатрешниот конфликт во таа партија“, вели Чулиќ.

Духот на Рачан

Тој понатаму вели дека се вратил „духот на владата на Рачан“, која се покажала како прост механички збир на партии, кои не успеале да постигнат самостојност на владата како субјект, кој без тоа не може да работи во корист на хрватското општество.

Marinko Culic
Маринко ЧулиќФотографија: Marinko Culic

Коалициските проблеми, меѓутоа, во суштина се резултат на неподготвеноста на владата да се носи со економската криза.

„Не е проблем само што немаат проекти, туку воопшто немаат развојна филозофија, а без неа не би им помогнале ниту 10 годишни подготовки. Тие само некритички копираат некои модели од развиениот Запад, за кои однапред се знае дека нема да функционираат во Хрватска. Во истовреме, тие се плашат, па дури и се срамат да истакнат како примери некои квалитетни социјални и стопански успешни индустриски политики од времето на социјализмот“, заклучува Маринко Чулиќ.