1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Летен спорт: Фризби-голф

С.Вахс/ А.Трајковска11 јули 2013

Фризби-голф е омилен летен спорт. Учесниците се обидуваат со што е можно помалку обиди со фризбито да го погодат кошот. Правилата се слични како кај натпреварите во голф.

https://p.dw.com/p/193c3
Фотографија: AP

На прв поглед не се препознава, но на многу ледини во Германија навистина се игра голф - со дискови, не со топчиња. Затоа оваа игра се нарекува „диск-голф“. Овде не се бара дупката, туку целта е една корпа. За секоја ситуација има соодветно фризби - ако има малку ветар се земаат полесните, потенките дискови - тие летаат посебно брзо и далеку.

„Навистина добрите играчи достигнуваат далечини од преку 150 метри. Подебелите дискови, кои честопати се и потешки се користат за стабилно приближување, за кратки кривини за да се фрли што е можно поблиску до корпата“, вели Јон Ведемајер од Диск-голф клубот во Хамбург.

Discgolf 12. Albuch Open 2007
Целта е кошотФотографија: www.discgolf-info.de

Токму тоа е целта - да се стигне до кошевите со помалку обиди. Да се фрли еден т.н. Ас, значи да се погоди корпата од прва, тоа се случува ретко, бидејќи има пречки при летот на фризбито -ветар, грмушки и дрвја.

„Ова беше малку несреќно фрлено, прерано се испушти од раката, исто така и аголот не беше соодветен - така што второто фрлање сега е предизвик“, вели Ведемајер.

Бекхендот е стандрдна техника. Дискот лета особено брзо со природна кривина на лево.

Discgolf Europameisterschaft Belgien 2007
Форхенд и бекхенд - стандардни техники кај Диск-голфотФотографија: www.discgolf-info.de

„Втората стандардна техника на фрлање кај диск-голфот е форхендот. За тоа фризбито се држи поинаку, имено со два прста на дискот“.

На тој начин се фаќа десната кривина, на пример да се избегне едно дрво.

Кога се бира техниката на фрлање преку глава тогаш фризбито лета над некоја пречка. Но понекогаш слетува на сосема друго место... Во САД за овој спорт има и Профи лига. Сепак има и еден хедикеп, како и кај вистинскиот голф, но повеќето диск-гофери тоа не ги интересира. Андреа Краузе од Диск-голф клубот во Хамбург истакнува: „Јас секогаш барав спорт, кој можам самата да го тренирам, каде не ми е потребен партнер, со многу движење, надвор на свеж воздух“.

Фризби-голф - летен спорт, кој во Европа станува се' поомилен.