1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Летонија ја поддржува евроатлантската интеграција на Македонија

АТ/ миа28 април 2012

Во рамките на балтичката турнеја, македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов со оценка дека Летонија е пријателска земја, која се труди да помогне во македонските евроатлантски интеграции.

https://p.dw.com/p/14mUi
Претседателот Ѓорѓе ИвановФотографија: Petr Stojanovski

„Летонија и Литванија се земји од кои можеме многу да научиме од аспект на нивното искуство во евро и евроатлантските интеграции, но и од тоа како се снаоѓаат во овој период во услови на глобална економска криза. Оваа очекувана поддршка од нив веќе ни е укажана и имаме можност да престојуваме во пријателски земји, кои сакаат да помогнат, бидејки тие ги чуствуваат потребите во нивниот регион, но и можноста да помогнат на нашиот регион. Станува збор за регионална соработка, размена на искуство на регионален план, но и поддршка и помош во сите наши заложби да бидеме дел од европското семејство“, изјави Иванов.

Тој додаде дека Македонија по подолг период отсуство, го обновува политичкиот дијалог на највиско ниво кој го отпочна претседателот Борис Трајковски пред 12 години.

Поддршката за македонското членство во НАТО вчера експлицитно ја потврди летонскиот претседател Берзинс, потенцирајки дека меѓудругото, Летонија го става на располагање и сето искуство во доменот на евроинтегрцаиите. Иванов денеска оствари средба и со претседателот на Собранието на Република Летонија, Солвита Аболтина, на која беа потврдени заложбите на двете страни за натамошно проширување на меѓупарламентарната соработка.

Летонија и Македонија заеднички се заложија и за проширување на соработката во сферите на образованието, културата и здравството.

Од Летонија, македонскиот претседател Иванов заминува во работна посета на Литванија, со што ќе ја заокружи неговата балтичка турнеја, чија главна цел е засилено лобирање во пресрет на претстојниот НАТО самит во Чикаго.