1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Либиските бунтовници го освоија градот Бани Валид

18 октомври 2011

Борците на либискиот Национален привремен совет синоќа го освоија целосно пустинскиот град Бани Валид, едно од последните упоришта на силите лојални на соборениот либиски властродржец Моамер ел Гадафи.

https://p.dw.com/p/12tuG
Бани Валид освоен, борбите за Сирте (на сликата) се’ уште траатФотографија: picture-alliance/dpa

Во градот влегле и новинарски екипи , кои не забележале присуство на лојалистите на бившиот либиски лидер, кои упорно го бранеа градот последниве шест недели. Новинарите, исто така, забележале дека освојувањето го слават само борците, но не и локалното население кое му припаѓа на племето Варфала, традиционални сојузници на Гадафи.

Командант на силите на новите либиски власти информираше дека во акцијата загинале две лица, 16 биле ранети, а биле уапсени најмалку 20 платеници.

Истовремено, силите на либискиот Национален привремен совет и натаму се заглавени во родниот град на Гадафи, Сиртe, каде што веќе две недели не можат да постигнат напредок и целосно да го заземат градот.

Автор:ЖА/СН/дв

Редактор: Борис георгиевски