1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Либиски екс министер пронајден мртов во Виена

ЖА/АТ/дв/дпа/афп30 април 2012

Поранешниот близок соработник на либискиот долгогодишен диктатор Моамер Гадафи, екс-министер за нафта, Шукри Ганем, е пронајден мртов во Виена.

https://p.dw.com/p/14mud
Фотографија: picture-alliance/dpa

Телото на 69-годишниот Шукри Ганем било најдено во Дунав, а го открил еден случаен минувач. Претставник на полицијата во Виена изјави дека телото не било долго во водата пред да биде најдено и недвојбено е идентификувано. На него не се откриени траги на насилство, а обдукцијата треба да ја утврди причината на смртта.

Во Виена прво кружеа противречни наводи за смртта на Ганем. Роднините на еден новинар му изјавиле дека тој починал дома од срцев удар.

По востанието во Либија, во мај 2011-та година Ганем ги прекина врските со Гадафи. Тој од 2003-та до 2006-та година беше премиер, потоа и министер за нафта, зашто до 2011-та го водеше нафтеното државно претпријатие. Ганем во последно време живеел во Виена.