1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Либија: нафта, корупција и „зелената книга“

23 февруари 2011

Под Либија досега се подразбираше водачот на револуцијата Моамар ел Гадафи. На изолираната земја, во која владееа петро-долари и племенски заедници, сега и‘ претстои тежок пат кон демократска иднина.

https://p.dw.com/p/10M3b
Нафтено поле во ЛибијаФотографија: picture alliance/dpa

Либија е на 17 место на листата на големите производители на нафта во светот. Се чини дека ова не е многу, но нафтените резерви се распоредени на околу шест милиони жители. Петро-доларите го сочинуваат централниот елемент на либиската економија, а беа и централен елемент во владеењето на Гадафи: четири децении внатрешната стабилност на Либија и легитимитетот на властодржецот Муамар ел Гадафи во голема мерка зависеа од распределбата на приходите од нафтата. Изабел Веренфелс е Либијка и експерт во берлинската Фондација за наука и политика. Таа смета дека Гадафи ги користеше приходите од нафтата за буквално да ги купува племињата во Либија, бидејќи ... „племињата во Либија беа, традицоионално, општествено и политички еден од најважните, ако не и најважен фактор.“

Гадафи го запостави истокот на Либија

Libyen Unruhen Gaddafi Bengasi 20.02.2011
Протести во БенгазиФотографија: picture alliance/dpa

Во Либија има околу десет големи племиња, поделени на поголем број подплемиња. Самиот Гадафи припаѓа на помало племе, имено Гадафа. Во текот на четиридецениското владеење, претседателот во значајна мерка го преферираше неговото племе. Сегашните протести во голем дел се последица на ваквото штитење на интересите, убедена е Веренфелс: „Тоа се разбира доведе до неверојатна одбивност. Она што го видовме во Бенгази во прва линија беше бунт на запоставен регион и запоставени племиња. Целиот исток беше запоставен и тоа се одмазди.“

Корупцијата цвета

Либија е најбогатата земја во северна Африка. Меѓутоа богатството е екстремно нерамномерно распределено. Во индексот за корупција на Транспартенси интернешнл во 2010 година Либија беше рангирана на 146 место од 178 оценети земји, зад Иран и Непал. „Семејството и елитите се многу, многу корумпирани и неверојатно се збогатија. Тоа се тие приходи од нафтата кои не ги искористи за да ја модернизира земјата. Исто така многу пари пропаднаа во Африка, во поддршка за бунтовниците во Африка. Тој делумно играше неверојатно негативна улога.“

Културата на племињата и демократијата

Арапскиот социолог Бура Галион од париска Сорбона пак има поинакво мислење од скептичарите, дека постои противречност меѓу културата на племиња и демократијата: „Културата на племиња не е противречна на идејата за модерна држава. Племињата може да се усогласат за формирање држава. Арапските држави базираат на согласноста на племенските водачи и градските елити. До 50-тите години на минатиот век, парламентите беа составени од шефовите на племињата, кои ги застапуваат своите луѓе за да го зачуваат националното единство.“

Libyen Unruhen Gaddafi Tripolis Protest Demonstration NO FLASH
ГадафиФотографија: picture alliance/dpa

Сепак предусловите за демократски структури во денешна Либија не се поволни. Политичките партии се забранети, слободата на говорот масовно ограничена. Репресиите на државата се во сите општествени области, а малкуте опозиционери живеат опасно. Освен ова, Либија се’ до 2003 година, до промената на надворешната политика на Гадафи, беше екстремно изолирана. Впрочем, вашингонската организација Фридом Хаус ја оценува Либија со најлошата оценка-седумка, како по односот на политички права, така и во однос на граѓанските слободи, и со тоа е многу блиску до диктатури како Северна Кореја или Туркменистан.

По пучот против кралот во 1969 година, Гадафи темелно ја промени земјата. Водечка идеја беше еден специјален арапски социјализам, пан-арабизам подоцна и пан-африканизам и особено либерално читање на исламот. Официјално Гадафи е на чело на Либија од 1979 година. Неговите идеи за владеење, водачот на револуцијата ги преточи во трите тома на „зелената книга“.

Автор: Матијас фон Хајн/ Александра Трајковска

Редактор: Борис Георгиевски