1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Либија сега е земја без хемиско оружје

СН/бг/миа/афп/дпа5 февруари 2014

Хемиското оружје на Либија, според наводите на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) е целосно уништено. Хемиското оружје потекнуваше од ерата на Моамер Гадафи кој беше соборен од власт во 2011. година.

https://p.dw.com/p/1B2sE
Фотографија: Stiftung Sankt Barbara

До 26. јануари беа уништени и последните артилериски гранати и бомби од либискиот арсенал кои беа наполнети со високоотровниот агенс иперит , соопшти во Хаг, Организацијата за забрана на хемиското оружје. Претходно генералниот директор на ОПЦВ Ахмет Узумчу заедно со експерти од Германија и од САД лично се уверил во тоа во постројката за уништување на хемиско оружје во пустинското место Рувага.

Синоќа и либиското Министерство за надворешни работи соопшти дека сите резерви на земјата од хемиско оружје, вклучувајќи и бомби и гранати со иперит, се целосно уништени, пренесоа американските медиуми.

Министерот за надворешни работи Мохамед Абделазиз изјавата ја даде неколку дена по завршувањето на мисијата за уништување на хемискиот арсенал останат од времето на режимот на Моамер Гадафи. „Либија е целесно ослободена од секакво присуство на хемиско оружје, што може да претставува закана за луѓето, животната средина или соседните региони“, рече министерот цитиран од либиската национална информативна агенција.

Уште во 2004 година, пред Гадафи да биде соборен од власта и убиен, Либија декларираше дека располага со 25 тони иперит и 1.400 тони состојки за производството на хемиски оружја. Освен тоа, режимот во Триполи соопшти дека поседува и над 3.500 авиоснки бомби, погодни за опремување со хемиски боеви глави, како и со три инсталации за производство на хемиски оружја.