1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лига на Шампионите-Милан во финалето

3 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag8A

Фудбалерите на Милан синоќа на свој терен го победија англискиот Манчестер Јунајтед со 3 спрема 0 и се пласираа за финалето на Лигата на европските шампиони. Милан, кој првиот дуел пред една недела во Манчестер го загуби со 3 спрема 2, за трофејот ќе се бори со Ливерпул на 23 мај во Атина, што ќе биде реприза на финалето од 2005 година. Ливерпул тогаш губеше со 3 спрема 0, но за само 10 минути успеа да израмни и на крајот, по подоборто изведување на пеналите, да се закити со титулата шампион на Европа.

Убедливата победа над Манчестер ја донесоа головите на Кака, Седорф и Џиралдињо.