1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лига на шампионите, 5-то коло: пласманот на Баерн (М) сега зависи од него самиот

26 ноември 2003
https://p.dw.com/p/AeoW
Фудбалерите на Баерн од Минхен одиграа нерешено 0 спрема 0 на гости во Глазгов против Селтик. Менаџерот на Баерн Ули Хенес беше воодушевен од средбата: "Доживеавме еден неверојатен и возбудлив фудбалски натпревар. Во бравурозна борба на нашиот тим му успеа да создаде ситуација пласманот во наредната рунда од лигата на шампионите да зависи само од нас самите". Во А-групата од европската Лига на шампионите завршницата ќе биде возбудлива: Андерлехт го совлада Олимпик Лион со 1 :0 , со што двете екипи, како и Селтик, имаат по седум бодови, а Баерн шест. Расплетот ќе го донесе наредното, последно коло - со победа Баерн во секој случај би се квалификувал за осминафиналето.

Во групата Б вистинска катастрофа на милански Интер, кој дома во Милано загуби од од разиграниот лондонски Арсенал со 5:1. Во вториот меч во оваа група Локомотива во Москва го победи Динамо од Киев со 3:2 со што се искачи на врвот на табелета со 8 бодови. И овде шанси за натамошен пласман имаат сите екипи: Интер и Арсенал имаат 7, Динамо 6 бодови.

Монако со нерешениот резултат против ПСВ од Ајндховен од 1 спрема 1 избори пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите. Во групата Ц по 10 бодови имаат Монако и Депортиво Ла Коруња, кој со три спрема нула го декласираше одамна отпишаниот атински АЕК. За второто место во групата ќе решава натпреварот во Ајндховен меѓу ПСВ и Депортиво.

Од групата Д беше одигран само натпреварот меѓу Олимпијакос и Реал Сосиедад, кој донесе нерешен исход 2 спрема 2. Поради безбедносни причини УЕФА го одложи дуелот во Истанбул меѓу Галатасарај и Јувентус, кој веќе избори пласман во осмина-финалето. И денешниот натпревар меѓу Бешикташ и Челзи исто така е одложен од истите причини. Според решението на УЕФА, средбите треба да се одиграат на неутрален терен.

Денеска вториот германската претставник Штутгарт може да го визира пласманот за осминафиналето на Лигата на шампионите во натпреварот со Глазгов Ренџерс . Тренерот Феликс Магат потсетува и се надева: "Ние ретко губиме натпревари - севкупно еден и тоа токму од Глазгов. Сега можеме да го надоместиме тоа".