1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лидерската средба без конкретни договори

31 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bzhr

Без конкретни договори заврши и денешната средба на лидерите на најголемите политички партии во Македонија. На неа требаше да се пронајде консензус околу донесувањето на законот за јавно обвинителство. Според учесниците постигнат е напредок околу усвојувањето на новиот собраниски деловник. На состанокот не учествуваше лидерот на партијата ДУИ. Тие во писмо вчера до премиерот изразиле незадоволство бидејќи на денешната агенда не се ставени нејзините барања за дебата за новите законски решенија за употреба на албанскиот јазик и заштита на правата на екс-припадниците на ОНА.