1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лимит за платите на швајцарските менаџери?

ЖА/дв/дпа/афп/ртре24 ноември 2013

Колку смее да заработува еден менаџер? За ова денеска гласаат граѓаните на референдум. Освен тоа, се одлучува и за поскапи патарини и даночни олеснувања при грижата за децата.

https://p.dw.com/p/1ANDR
Фотографија: picture-alliance/dpa

Околу 5,2 милиони Швајцарци со право на глас денеска одлучуваат истовремено за неколку различни теми. Но, најжестоки дискусии предизвика изјаснувањето загорниот лимит на менаџерските плати.

Предлогот под наслов „Иницијатива 1:12 - за праведни плати“ доаѓа пд младите социјалисти. Според него, луѓето со највисоки плати во едно претпријатие не смеат да добијат месечна плата поголема од максимално 12 пати од онаа на наајнископлатениот работник. Шефовите на швајцарските концерни моментно заработуваат и по 260 пати повисоки плати од обичните вработени.

Германците би гласале со „да“

Додека швајцарските синдикати го поддржуваат предлогот, здружениујата на стопанствениците во земјата критикуваат дека ваков закон би и‘ штетел на националната економија и би ги истерал големите фирми во странство. Во март две третини од Швајцарците се изјаснија за „народна иницијатива против алчните менаџери“. Таа предвидува забрана за отпремнини или бонуси за менаџерите во милионски суми. Според анкетите, меѓутоа, на денешниот референдум за ограничување на менаџерските плати нема да има успех.

Во Германија ваквиот предлог би поминал, покажа репрезентавна анкета на спроведена од Институтот за испитување на јавното мислење по налог на „Велт ам зонтаг“. Дури две третини од Германците, вели анкетата, би гласале со „да“.

Schweizer Volksentscheid Minder-Initiative Manager Gehalt
Стопанството е против ограничување на менаџерските платиФотографија: picture-alliance/dpa

Поголеми патарини

Понакви се изгледите со втората тема, патарината. Прогнозите предвидуваат нерешен исход. На референдумот за патарината Швајцарците одлучуваат за намерата на владата да ја зголеми цената на патарините за патничките возила за 150 проценти, на околу 80 евра годишно. За да го спречат пвој владин план, повеќе здруженија со успех се изборија за референдум. Владата го образложи зголемувањето на патарините со аргументот дека со тие пари ќе ги подобри автопатите и магистралните сообраќајници. Ако народот гласа против, владата планира да го зголеми данокот на бензин.

Рамноправност во згрижувањето на децата

Третото изјаснување е предлог на конзервативната Швајцрсака народна партија. Нивниот предлог е родителите, кои остануваат дома за да се грижат за своите деца, да имаат исто така даночни олеснувања. Досега во Швајцарија при пресметувањето на данокот се земаат во предвид само трошоците за згрижувањето на децатанадвор од семејството, на пример во детска градинка.