1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Литванија: Македонија не е заборавена, но ја блокираат две ЕУ-членки

ЖА/миа1 јули 2013

Литванија денеска го превзеде претседателството со ЕУ од Ирска, а нејзиниот амбасадор при ЕУ, Раимундас Кароблис вети дека ќе се обидат да ја разјаснат ситуацијата на Македонија во однос на нејзината евроинтеграција.

https://p.dw.com/p/18z4z
Фотографија: picture-alliance/AP Photo

При денешното претставување на приоритетите на претстојното шестмесечно литванско претседателство со Советот на Унијата, на прашање на дописникот на МИА од Брисел дали ЕУ ќе се соочи со проблемот дека една земја (Македонија) е осум години кандидат за членство и добива четири последователни препорки за почеток на преговорите, но е попречена поради противење на една земја-членка (Грција), а не доби ниту датум, ниту заклучок на последниот Самит на Европскиот совет, амбасадорот Кароблис со одговор:

„Ја знаеме ситуацијата на Македонија и ќе се обидеме да преземеме чекори во разјаснувањето на ситуацијата со оваа земја наесен, во периодот меѓу октомври и декември“.

„Ние дефинитивно ќе работиме на ова прашање, но мора да разберете дека е сензитивно бидејќи не една, туку две земји-членки на Унијата го блокираат почетокот на пристапните преговори“, истакна литванскиот амбасадор при ЕУ и претседавач со КОРЕПЕР-групата на Унијата, каде амбасадорите на 28-те земји- членки ги носат првичните заклучоци за секое прашање.

Во однос на прашањето за проширување на Унијата, Кароблис посочи дека за време на Литванското претседателство, кое е прво откако оваа земја пред девет години стана членка на ЕУ, ќе се отвори уште едно поглавје од преговорите со Турција, а очекува и напредок во преговорите со Црна Гора.

Амбасадорот на Ирска при ЕУ, Рори Монтгомери, кој ја предаде претседателската палка со Унијата на Литванците, посочи дена во однос на проширувањето, денеска е важен ден оти Хрватска и официјално стана дел од ЕУ, а потсети и дека мината недела на Самитот на Европскиот совет е доделен датум за отворање на преговори за членство со Србија и на потпишување на Договор за стабилизација и асоцијација со Косово.

„Проширувањете е спор процес, но е неповратен и продолжува“, посочи Монтгомери.

Инаку, во претставувањето на приоритетите на Литванското претседателство што ќе трае до крајот на годинава, амбасадорот Кароблис како приоритетни ги посочи идниот седумгодишен буџет на ЕУ за периодот од 2014 до 2020 година, за што веќе има договор со Европскиoт парламент истиот да изнесува 960 милијарди евра. Како втор приоритет тој го истакна зацврстувањето на банкарската унија и воведување на фискална дисциплина, но и економски раст и отворање на нови работни места. Важно ни е источното партнерство со Украина, Молдавија, Грузија и Ерменија, за што ќе имаме Самит во неомври, се разбија слободната трговија со САД и Јапонија, а во втората половина на нашето претседателствување ќе одлучуваме и за проширувањето во однос на заклучоци и оценки на статусот на некои земји и за тоа каде сме ние во проспектот на проширувањето“, посочи литванскиот амбасадор при ЕУ.