1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Литванија сака во еврозоната

К. Харенброк/ Б.Георгиевски11 ноември 2013

Со почетокот на новата година еврозоната ќе се прошири за уште една членка - Летонија. Набргу може да се очекува тоа да го побара и Литванија. Во земјата се убедени дека тоа ќе ја забрза модернизацијата.

https://p.dw.com/p/19xFd
Фотографија: picture-alliance/dpa

Компјутерски управуваниот ласерски апарат за заварување е најмодерната машина на фирмата Аргинта во Литванија. Апаратот овозможува прецизна обработка на големи метални плочи.

Фирмата произведува делови за машинска индустрија за западноевропски претприемачи. Со месечни плати од околу 800 евра, Литванците можат релативно евтино да ги произведуваат, инаку скапите, рачно изработени делови. Повеќе од 95 проценти од производството оди за извоз.

„Нашиот стопански успех почна со отворањето на границите на ЕУ. Така сега можеме директно да им испорачуваме на купувачите, без бирократски пречки и царински ограничувања“, вели Витас Мациулис, одговорен за развој во Аргинта.

Во Вилнус на еврото гледаат како на средство со кое домашната економија може уште подобро да се интегрира во заедничкиот европски пазар. Еврото треба да се воведе од 1. јануари 2015 година.

„Визии и иновации носат работа“, пишува на Министерството за економија. Овде литванските претприемачи можат да поднесуваат барања за европски средства. Секоја година подршка добиваат околу 250 иновативни претприемачи. Целта е да се отворат конкурентни работни места. За таа цел стои на располагање една милијарда евра годишно.

„Поддржуваме млади претприемачи-почетници, но и етаблирани фирми од средниот сталеж. Тежиште ставаме на ласерска техника, биотехнологија и оптичка индустрија“, објаснува Рита Армониене, раководител на ЕУ-фондовите во Литванија.

И производниот погон на фирмата Аргинта делумно беше финансиран од ЕУ. Во задниот дел на објектот се всели штотуку основано претпријатие, кое произведува извонредно тенки ласерски чипови. Неопходниот реактор беше исто така финансиран од ЕУ, со 1,3 милиони евра. Беа отворени десет работни места за високо-квалификувани физичари, кои така ќе останат во Литванија, наместо да ја бараат среќата во странство, како многумина други.

Litauen Wilna
ВилнусФотографија: imago stock&people

„Ситуацијата денес е многу подобра отколку до пред пет години. Доколку студентите знаат што сакаат во животот, тогаш е едноставно да се најде работа во Литванија“, вели Едгарас Двинелис, работник во фирмата Бролис.
И покрај сите кризни сценарија во југот на Европа, Литванците се надеваат дека воведувањето на еврото ќе им донесе нови работни места и ќе ја зајакне економијата.