1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Локалните електронски медиуми - на работ на опстанокот

Милчо Јованоски1 октомври 2012

Приватните електронски медиуми во Македонија се обединуваат во здружение. Најавениот надоместок за авторски права за продуценти и музичари ги сплоти. Ако се примени астрономскиот тарифник ќе згаснат многу од нив.

https://p.dw.com/p/16Hwu
Фотографија: Fotolia/Giordano Aita

Во Македонија има околу 150 локални електронски медиуми. Според анализите најголем дел од нив се на работ на опстојувањето. Имаме низа проблеми кои во од ги надминуваме. Најавата за собирање нов надоместок сврзан со авторските права е иницијалната каписла за наше здружување, вели Сашо Митаноски претседател на инцијативниот одбор на здружението „Мак медиа“. Освен неколку медиуми во Скопје - ние локалците низ Македонија како да сме маргинализирани. На сите треба да им е јасно ние сме основната клетка за секој град: „Како се финансираат медиумите, кои луѓе се во нив? Тоа се нашите главни проблеми. Кој се може да има медум во оваа наша држава? Новинарите имаат самоцензура веќе. И страв им е уште пред да го вклучат компјутерот нешто да напишат. Во таа насока треба да направиме исчекор,а зборуваме за двојни авторски права, дека така било во Брисел. Супер, нека биде така и во Македонија“, вели Митаноски.

Медиумите ќе плаќаат два пати за иста песна

Saso Mitanoski Besitzer von Super Radio in Ohrid Mazedonien
Сашо Митаноски претседател на инцијативниот одбор на здружението „Мак медиа“Фотографија: Milco Jovanovski

Неодамна Македонската музичка индустрија како здружение ја доби лиценцата од Министерството за култура за колективно управување на сродните права на произведувачите на фонограми и на уметници музички изведувачи. Најавата за нова давачка ја прели чашата кај локалните медиуми. Досегашното ЗАМП за авторски права им зема по 4 насто од годишната заработка,а ММИ според најавите уште толку. Но претпоставките се дека тој износ ќе стигне до цели десет проценти. „ Она што ќе биде реалност од ноември натаму е дека ние како медиуми ќе добиваме по две фактури за една песна што ќе ја емитуваме. Удар којшто за многу ќе значи крај на работата.“, загрижено објаснува Митаноски. Немаме ништо ни против ММИ ниту против ЗАМП и бараме:„ За песна што ја направил композитор, текстописец, снимена во студио и е готов производ кој што ние го емитуваме да плаќаме авторски права како пакет“. Митаноски вели дека ќе отпочнат со дијалог преку институциите на системот. Прва станица ќе им биде Министерството за култура: „ Нас да ни дадат гаранција дека нема да се формираат нови здруженија и да се направи ревизија на веќе формираното. Не сакам да звучам лошо, но зошто некој не не прашал нас како фела, како медиуми што мислиме за тој закон. Можеби имаме некој добар предлог да дадеме. “

Министерство за култура уверува се’ е законски

Од Министерството за култура смирувачки тонови во однос на тарифникот на ММИ . Портпаролот Анита Јованоска ни го соопшти мислењето на одговорните од одделението за авторски права: „Согласно Законот, организацијата е должна пред донесувањето на тарифата, да побара мислење од корисниците и од соодветните здруженија на корисниците, односно нивните комори. Доколку тие, во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето не достават свои писмени мислења ќе се смета дека се согласни со предлог-тарифата. Доколку организацијата не ги прифати во целина или делумно нивните предлозите, во рок од 15 дена од приемот таа е должна да побара мислење од Комисијата за посредување во авторското право и сродните права во врска со предметот на несогласување. Комисијата ќе даде мислење во рок од 60 дена од денот на приемот на барањето.“

Abschied vom Radio Dossierbild 1
Фотографија: Fotolia/Alexey Laputin

ММИ готви надомест и за угостителите, капелите, автобусите...

Исто Здружение постоеше во 2003. Наплати што наплати и присилно згасна. Од Министерството за култура уверуваат , дека вложуваат сериозни и констуктивни напори за усогласување на сите засегнати за непречено остварување на целокупното творештво во Република Македонија.

Радиодифузерите не ги двојат, но законот ги двои. ЗАМП останува ЗАМП и единствен во заштитата на таканаречените „мали авторски права“, а ММИ ќе си работи, со добиената лиценца, на колективно управување на сродните права на произведувачите на фонограми, во согласност со Законот за авторското право и сродните права.На удар не се само медиумите,туку и угостителите. На ММИ ќе треба да и плаќаат и погребалните друштва за музика во капелите и превозниците во автобусите.