1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лондон го обвинува Иран за заробените војници

26 март 2007
https://p.dw.com/p/AgKH

Владата во Лондон соопшти дека 15 британски војници заробени во Иран се во добра стабилна состојба. Министерството за надворешни работи добило уверување од британскиот амбасадор во Техеран кој побарал да се сретне со војниците, кои беа уапсени под образложение дека наводно навлегле во ирански територијални води. Велика Британија го обвинува Иран дека војниците биле намерно киднапирани.