1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лоренс од Арабија- меѓу митот и реалноста

4 декември 2010

Лоренс од Арабија е контроверзен историски лик . Но во актуелната изложба во германскиот град Олденбург има малку за разликите меѓу митот за Лоренс и реалноста на неговото дејствување во арапскиот свет.

https://p.dw.com/p/QPbP
Британскиот дипломат и писател Томас Едвард Лоренс познат како Лоренс од АрабијаФотографија: picture-alliance / dpa

„Лоренс од Арабија“ беше голем холивудски спектакл со јунак кој имаше надчовечки способности. Во филмот на Дејвид Лин од 1962 година глумеа најдобрите актери во тоа време: Питер О’Тул, Алек Гинис, Омар Шариф и Ентони Квин. На филмското платно беа прикажани убавините на пустината и никој дотогаш не успеа на таков начин да го обликува имиџот на Арабија како авторите на тој филм.

Меѓутоа , доколку патот во однесе во Сирија или Јордан каде што е сниман прочуениот филм, се стекнува сосема поинаква слика. Таму Лоренс од Арабија е омразен лик, вели Бјорн Лолеј директот на Гете институтот во Дамаск:

„Филмот ’ Лоренс од Арабија’ никогаш не бил прикажан на телевизија во Сирија ниту во кино. Лорен на овие простори важи за предавник. Тој овде е негативна личност“ , вели Лолеј

Нему му се префрла дека ја предал арапската револуција. Односно му се префрла дека го поттикнувал бунтот на арапските племињеа против Турција за време на Втората Светска Војна и покрај тоа што знаел дека Англија и Франција планираат да го поделат меѓусебе тоа подрачје и оти Арапите нема да добијат ништо. Улогата на пријател на Арапите била само одглумена. Тоа не е единствената недоследност кога станува збор за ликот на Лоренс. Тој сам од себе створил мит, и ја презирал вистинската и историркста реалност. На изложбата за Лоренс од Арабија во германсканскиот град Олдебнбургно се’ она што го наведовме претходно на неа не може да се види.

Изложба за митот а не за стварноста

Flash-Galerie Lawrence von Arabien
Актерите Питер О’ Тул (Лоренс) и Омар Шариф во прочуениот филм „Лоренс од Арабија“Фотографија: picture-alliance/dpa

„Лоренс имал склоност работите да ги прикажува секогаш на нов начин. Не бил само Бернард Шо убеден дека тој спрема доживеаното се однесувал каако актер или поет. Тие не го доживувале Лоренс како лажливец туку како добар претставувач. Така настануваат митови“, вели кустосот на изложбата Детлеф Хофман.

Можеби е така. Но тоа излгеда сосема наивно. Дали денес е возможно на една изложба да се издигнува митот за Лоренс и наивно да се ужива во неговите пустоловини. Зарем не би требало да се прикаже неговото вистинско место во историјата, односот на Ориентот и Оксидентот, недоследносста на неговата личност и неговата мегаломанија. Улогата на глумецот и хохштаплер Лоренс требало да се истражи но во Олденбург тоа не се случува. На изложбата нема никаква рефлексија.

Таа започнува со голем број хумористични стрипови во зголемен формат кои зафаќаат цели ѕидови, изложени се неколку книги, делови од мебел од англиска дневна соба во тој период и истиот тип на моторцикл како оној на кој загинал Лорен, и се разбира безброј фотографии. на посетителите кои не го познаваат животот на Лоренс тие експонати не им значат ништо

Подели па владеј

Ausstellung Lawrence von Arabien Flash-Galerie
Поставка на изложбата за Лоренс од Арабија во ОлденбургФотографија: Landesmuseum Natur und Mensch Oldenburg

Значи што останува од митот за Лоренс кога ќе се тргне „ѕвездената прашина“? Самио музејско и предагошко сивило. Се разбира дека Лоренс е важна историска личност, затоа што активно учествувал во составањето на политичката географија на Блискиот Исток. Махмун Фанса, директор на музејот во кој се прикажува изложбата вели: „ Оваа изложба не треба да создава нови митови, ниту да ги оживува старите. Тоа е мојата цел. Сакам преку Лоренсовиот лик да ја прикажам историјата на Блискиот Исток“

Таа цел оваа изложба не ја исполнува. Многу факти поврзани со Лоренс помагаат подобро да се сфати Блискиот Исток. Самиот Лоренс за стратегијата на Западот го запишал следново:

„Опасноста која ни се заканува од исламот можеме да ја отстраниме така што во корен ќе ја поделиме неговата база. Тогаш ќе постојат калиф во Арабија и калиф во Турција, кои на верска основа ќе се борат еден против друг а исламот ќе стане безопасен, како што Светата столица беше безопасна кога папите беа во Авињон“

Овие зборови звучат вознемирувачки актуелно, ако се земе предвид актуелната расправа меѓу Ориентот и Западот.

Автор; Вернер Блох/ Симе Недевски

Редактор: Трајче Тосев