1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лош губитник кој не се откажува

Ана Енгелке7 јуни 2008

Хилари Клинтон денес (07.06.2008) треба официјално да им се заблагодари на своите приврзаници за поддршката во текот на кампањата за номинација за кандидат за претседател. Таа треба да застане зад сенаторот Барак Обама.

https://p.dw.com/p/EFJN
Хилари КлинтонФотографија: AP

Од моментот кога Хилари Клинтон објави дека сака да стане сенаторка на Њујорк, минаа осум години. Тогаш, во февруари 2000 година беше уште прва дама на Америка. Тогаш, на оние што ја знаат им стана јасно дека сака еден да стане претседател на САД. Хилари Клинтон работеше неуморно на својот сон да се врати во Белата куќа. На 20-ти јануари 2007 година, јавно ја обелодени својата амбиција да се бори за номинација за кандидат за претседател во редовите на демократите: „Мислам дека ќе биде многу интересно“, рече таа. Многу интересно? Беше многу повеќе од тоа - беше многу напрегнато и, многу, многу напорно. Во изминатите 15 месеци таа одвај дека можеше да спие повеќе од неколку часа ноќе, а наутро повторно стоеше на некоја од бините во САД и зрачеше неверојатно:

Клинтон го потцени Обама и направи грешка

Но, за фаворитката не одеше добро. Клинтон едноставно го потцени конкурентот Барак Обама, неговата харизматична личност и неговата порака за промени. Во вторникот вечерта тој ја победи Хлиари Клинтон, но таа не му честиташе. Тешка грешка. 60 годишната Клинтон беше лош губитник, многу лош. Нејзиниот колега сенатор, Чак Шумер, објаснува „и‘ беше многу тешко“: „Еднаипол година водиш кампања, стануваш секој ден во 6, работиш како ѕвер, на полноќ легнуваш и на крајот губиш сосема тесно. Се разбира дека е тешко.“

Денес Хилари Клинтон ќе застане зад Барак Обама, но историчарката Дорис Кирнес Гудвин е убедена во тоа дека таа нема да се откаже од сонот за враќање во Белата куќа, како потпретседател или како претседател за 4 или 8 години: „Не верувам дека ќе си го избрише овој сон, пред се‘ затоа што живееше во белата куќа 8 години и поради тоа што сега тоа и‘ беше на дофат. “