1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лојални кон државата, верни на традицијата

7 декември 2010

Бошњаците во Македонија живеат во неколку мали селски средини, и најмногу во скопската општина Чаир.Тие ги негуваат јазикот,културата, традициите, што ги имаат донесено од Босна и Санџак, во 50-те години на минатиот век

https://p.dw.com/p/QRD5
Скопје- Најголем дел од Бошњаците во Македонија живеат во скопската населба ЧаирФотографија: DW

Просечното бошњачко семејство во Македонија денеска има три до четири членови, со еден или двајца вработени, најчесто во приватниот бизнис. За разлика од порано сега најчесто имаат завршено средно образование, иако во последните години се повеќе завршуваат и факултет.

„ Статусот на Бошњаците радикално е сменет во последните 15 години во позитивна насока, се афирмираат нивните права многу повеќе од порано. Доста забрзано се напредува во поглед на културните и религиозни права, во поглед на јазикот, исто така, веќе сега во неколку енклави, Лажани, Житоше, Оризари, Љубин и Батинци имаме образование на мајчин јазик на босански јазик, се печатат првите учебници и се издава литература на бошњачки јазик, се издаде вториот том на „Модерне бошњачке приповетке“, вели познатиот професор, филозоф и истакнат интелектуалец Ферид Мухиќ, припадник на оваа етничка заедница.

Без сериозни шанси за свое место во политичкиот живот

Бошњаците во Македонија имаат една приватна телевизија, и една и една емисија „Сехара“ на државната МТВ, но имаат повеќе истакнати новинарски имиња, политичари, бизнисмени. Тие веќе немаат весник на свој јазик. Своите традиции и културни вредности ги негуваат преку едно културно уметничко друштво што работи во рамки на Центарот за култура на Бошњаците во скопски Чаир. И тоа е се од нивната јавна кохезивна спона, додека сето останото отпаѓа на силните семејни врски, култура, традиција.

Macedonian Radio Television, MRT
Емисијата „Сехара“ се емитува на МРТВФотографија: Petar Stojanovski

„Бошњачката позиција е најповолна во регионот. Тие имаат подобар статус меѓу соседните земји околу Босна и тоа може да биде пример како една мала етничка заедница може да функционира во нешто што е значајна реализација на автономија“, додава професорот за нивниот уставно гарантиран општествен статус.

Но, Мухиќ смета дека состојбата со јавните, економските и политички права работите не одат како што треба.

„Како една импликација од Рамковниот договор реално македонското општество станува билингвално и бинационално, затоа што ниту една групација нема шанси да стигне до 20 отсто, освен Албанците. Проблемот на Бошњаците се усложнува до толку што како мала групација, и да се толку единствени во своите политички цели, а не се, немаат сериозна шанси да се изборат за свое место во политичкиот живот да донесуваат автономни политички одлуки.Така што денеска имаат четири или пет партии, што е безначајно“, вели Мухиќ и додава дека секоја од овие мали партии се чувствува како коцкарите кои на рулетот ставаат влог на претпоставена добитна комбинација - топчето да падне на оној на кој се кладеле- з а да се добие неке директорско место, иако со тоа целосно ја губат политичката автономија, затоа што во парлементот ќе мора да гласаат за секоја политичка одлука што од нив ќе се побара.

Лојалност и прогресивност

Политичарот Есад Рахиќ смета тврди дека Бошњаците се максимално лојални на државата, и ги почитуваат традициите.

„Најголем дел од Бошњаците се прво Македонци, а потоа Бошњаци затоа што е тоа дел од традицијата. Подготвени се максимално да застнат зад држаата, иако државата често не стои зад нив. Многу сум горд што моите роднини од крајот каде потекнувам, Лажани и Житоше, се многу прогресивни затоа што сами правеа патишта, воведуваа водовод, телефони и струја. Во тој дел како народ сме многу прогресивни “, вели Рахиќ.

Според него, Бошњаците ги има и во политиката и во јавниот живот но тоа се должи на нивниот интелектуален бекграуд, силен карактер, и интегритет.

„ Благодарените на човештината, карактерот и интелектуалниот капацитет дел од Бишњаците добро пливаат и во делот на културата, науката, бизнисот и во некои сегемнти од политиката“, додава Рахиќ.

За жал, вели тој од своето искуство, луѓето што се во политиката, со чесни исклучоци, се по професија Бошњаци, затоа што доаѓаат анонимуси и некадарни, кои ги интересира само личниот интерес, Не се интересираат за првата, А, второ, и системот е проблем , каде другите поголеми етнички зедници, пред се, Албанците и Турците, а најмалку Македониците, не им овозможуваат да дојдат до она место што го заслужуваат.

Според последниот попис од 2001 година во Макеоднија официјално живеат малку над 18.000 Бошњаци, иако тие сметаат дека се околу 28 - 30.000, што ќе се покажело на следниот попис, планиран за април.

Автор: Сашко Димевски

Редактор: Симе Недевски