1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лукашенко се прогласи за победник

20 март 2006

Во авторитарно владеаната република Белорусија претседателот Александар Лукашенко според наводите на неговиот владеачки апарат убедливо обезбедил трет мандат на вчерашните избори.По мирните протести на опозицијата полицијата уапсила повеќемина луѓе.

https://p.dw.com/p/Ac7z
Актуелниот белоруски претседател задоволен од исходот
Актуелниот белоруски претседател задоволен од исходотФотографија: AP

Според досегашните резултати од изборната комисија,актуелниот претседател Александар Лукашенко освоил 82,6 проценти од гласовите и убедливо предничи пред останатите тројца кандидати.Неговиот најважен конкурент Александар Милинкевич освоил 6 проценти од гласовите.Тој најави дека со помош на меѓународната заедница ќе бара поништување на изборите.

Околу 10 илјади припадници на опозицијата синоќа излегоа на мирни демонстрации во Минск,а за денеска повикаа на нов протест против Лукашенко.

На вчерашните протести во Минск се вееја знамиња на ЕУ.

Актуелниот претседател Александар Лукашенко на опозицијата претходно и се закани со насилство доколку излезе да демонстрира.

-Ќе ви го скршиме вратот како на пиле,беа зборовите на шефот на државата.

Благодарение на едностраното известување на медиумите и репресалиите против опозиционите кандидати,Лукашенко можеше да биде речиси сигурен во својата победа.Повеќе часови пред затворањето на избирачките места,владата објави резултати од испитување на јавното мислење според кои тој ќе освои 84,2 проценти гласови.

Во претходна анкета која опозицијата ја изврши пред изборите,за Лукашенко би гласале половината од избирачите,а околу 30 проценти за Милинкевич

Претседателката на Изборната комисија,Лидија Јермошина тврди пак дека нема никакви поплаки на текот на гласањето,единствено помали нерегуларности кои не влијаат на резултатот.

Организацијата за европска безбедност и соработка,ОБСЕ, која имаше свои набљудувачи на изборите,најави за попладне биланс на текот на претседателските избори.

Разбравме дека вашата оценка ќе биде не само лоша,туку многу лоша,рече претседателката на Изборната комисија Јермошина по разговорите со набљудувачите од ОБСЕ.