1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Луксузните стоки се продаваат како алва!

Моника Ломилер/ Жана Ацеска3 септември 2012

Економскиот развој слабее во цел свет. Еврозоната ја тресe должничката криза. Сепак, браншата на луксузни производи цути, делумно и поради пораст на бројот побогати потрошувачи во земјите во засилен развој.

https://p.dw.com/p/162Wd
Фотографија: Fotolia/Martin Hahn

Јакна од Бурбери, чанта од Гучи или скапа белезица од Картие - и во време на економска криза луксузните производи добро се продаваат. Тоа произлегува од најновата студија која ја објави консалтинг фирмата Беин и компани од Минхен.

Во бројки тоа изгледа вака - оваа година прометот со луксузни производи во светски рамки ќе достигне над 200 милијарди евра, што е зголемување од седум проценти.

„Овој тренд ќе продолжи до средината на оваа деценија“, вели за Дојче веле Јозеф Минг, експерт за потрошувачка и партнер во Беин и компани.

Оваа консалтинг компанија во соработка со италијанскиот сојуз за луксузна стока Фондационе Алтагама уште од 2000. година врши испитување на пазарот и на финансиското салдо на 230 свтески водечки производители на луксузни производи. Студијата покажува дека овој сектор веќе се разви во глобален пазар. Тоа значи дека скапите часовници, уникатниот накит или модерните чевли од позната марка не се продаваат само во мал број региони во светот. Половина од потрошувачката отпаѓа на муштериите од Азија.

Symbolbild Schmuck als Geldanlage
Фотографија: Fotolia/Irina Fischer

Кина е најсилниот пазар во развој

Етаблираните пазари според студијата ќе растат и натаму во текот на оваа година, со два до три проценти во Европа, пет до седум во САД и два насто во Јапонија. Меѓутоа, во меѓувреме Кина се наметнува како најсилен пазар. Овде се очекува раст од околу 20 проценти.

„Покрај во Кина, до зголемена потрошувачка за луксузни стоки оваа година ќе дојде и во Индија и Русија“, вели Јозеф Минг.

Потрошувачите на луксузни производи во Европа и во САД стануваат се‘ постари. Сосем е различно во многу азиски држави - таму муштериите се се‘ помлади. А, токму оваа клиентела браншата ја има во вид - европските модни куќи ги врбуваат азиските муштерии со спектакуларни приеми и модифицирани колекции.

Gucci Tasche
Фотографија: dapd

Веќе 30 проценти од прометот во браншата на луксузни стоки се реализираат во земјите во засилен економски развој. Тука спаѓаат држави како Азербејџан, Бразил, Индонезија, Казахстан, Малезија, Мексико, Јужноафриканската Рпеублика, Турција и Виетнам, тие се новите пазари за луксузна стока. Во нив се‘ поголем број потрошувачи можат да си дизволат часовници, накит, ремени или шамии од познати модни имиња:

„Особено нараснатата побарувачка во овој сегмент може да се објасни пред се‘ со новите производни трендови или, пак, со засилената потрошувачка преку нови групи муштерии“, истакнува експертот за потрошувачка Минг.

Пазарот за луксуз е во фаза на промени

Според студијата на Беин и компани, пазарот на луксузна стока е во фаза на промени. Тоа може да се забележи првенствено преку продажбата. Растат порачките преку интернет, а прометот во стоковните куќи опаѓа.

Многу од досега познатите марки мораат да го изоструваат својот маркетинг за да останат во клубот на успешните. Овие фирми се‘ почесто се мета на напад на нови, ексклузивни и млади марки, кои меѓу другото целат на пониските ценовни категории“, заклучува Јозеф Минг.

Indien Luxus Juwelen Schmuck
Фотографија: AP

Етаблираните производители на скапа стока се принудени да ја преосмислат својата производна стратегија, ако сакаат на долг рок да не ја загубат својата силна позиција на пазарот.

Како последица на својата економска независност, во светски рамки се‘ повеќе жени вршат се‘ поголем притисок во категоријата „луксуз“ во традиционално машките домени како бизнис облека или скапи часовници. Додека, пак, мажите се‘ повеќе се свртуваат кон темата мода и дизајн. Како што произлегува од студијата, причина е тоа што денес облеката од познати марки се носи и во секојдневието, а не само во посебни пригоди, како порано. Сегментот на високи цени, пак, е осоколен преку побарувачката на муштериите, а тие бараат висок квалитет, беспрекорна изработка и најдобри материјали.