1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лустраторите пронајдоа „кодоши“ во МРТВ

13 јануари 2012

Комисијата за лустрација утврдила дека еден актуелен и еден поранешен новинар во МРТВ биле соработници на тајните служби.

https://p.dw.com/p/13jIk
Фотографија: Petar Stojanovski

Комисијата за верификација на фактите на денешната (13.01) седница не ја верифицираше изјавата на актуелен новинар вработен во Македонската радио телевизија, велат за Макфакс извори од Комисијата. Членовите на Комисијата исто така потврдиле дека уште еден новинар од јавниот сервис бил соработник на тајните служби. Неговата соработка била утврдена на претходните седници, но бидејќи тој не се произнесол по одлуката на Комисијата, денеска неговата соработка само била потврдена. На двајца поранешни носители на јавни функции, Комисијата им ги верифицирала изјавите.

Тројца членови на Комисијата, избрани по предлог на опозицијата, денеска побараа Комисијата да расправа за раководењето на претседателот на Комисијата за лустрација Томе Аџиев. Меѓутоа, мнозинството во Комисијата не ја усвои оваа точка.

„Немаат одговор на многу прашања, за незаконската, селективната и тенденциозната работа на Комисијата“, изјави Јанакие Витановски.

„Работа на претседателот е да детектира соработници, а не да произведува“, вели Чедомир Дамјановски.

Според деловникот, сега незадоволните членови ќе поднесат барање Комисијата да ја преиспитува работата и раководењето на претседателот на посебна седница.

Автор: БГ/макфакс

Редактор: Е.М. Фиданоска