1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лустрација само за старите кодоши

24 март 2010

Ќе се лустрира до ноември 1991 година, кога е донесен новиот Устав на Република Македонија, а не до 2008 година, како што предвидува Законот за лустрација. Имињата на кодошите нема да се објавуваат во Службен весник.

https://p.dw.com/p/Maye
Фотографија: dpa - Bildfunk

Лустрацијата во Македонија ќе се спроведува само за периодот до ноември 1991 година, а не до 2008 како што се предвидува во важечкиот закон. Имињата на соработниците на тајните служби нема да се објавуваат во Службен весник.

Нема да се врши лустрација на верските заедници и религиозните групи. Ова доаѓа откако Уставниот суд денеска (24.03.2010) укина членови од Законот за лустрација.

Со нивното укинување, Комисијата за лустрација може да продолжи со проверка дали носители на јавни функции биле соработници на службите за безбедност во периодот до ноември 1991 година, кога беше донесен Уставот на независна Република Македонија.

Автор: ЖА/БГ/миа

Редактор: Александра Трајковска