1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Луѓето му веруваат на Радио „Дојче Веле“

Горан Петрески22 мај 2007

Традиционално добрата четиридецениска соработка меѓу „Дојче Веле“ и МРТВ е зацврстена со нов договор,кој го потпишаа првите луѓе на овие две куќи,интендантот Ерик Бетерман и Борис Ставров.На приемот кој го организираше Дојче Веле во Капан Ан по тој повод присуствуваа бројни гости

https://p.dw.com/p/Anxi
Министерот за надворешни работи Милошоски,интендантот на ДВ -Бетерман и директорот на МРТВ Ставров на приемот
Министерот за надворешни работи Милошоски,интендантот на ДВ -Бетерман и директорот на МРТВ Ставров на приемотФотографија: DW
Радио „Дојче Веле“ го знаат 71 процент од граѓаните на Македонија,а 16 проценти се редовни слушатели,радиото ужива доверба кај граѓаните,вели најновото истражување на јавното мислење,а го потврдија и многу присутни гости,меѓу кои и познати јавни личности на приемот во Старата чаршија.