1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мадридско-атинската врска корисна за Македонија?

16 декември 2009

Шпанските новинари и експертите се едногласни, дека проширувањето е од голема важност за шпанското претседателство со ЕУ. Прашањето за преговорите со Македонија и нејзиниот нерешен спор со Грција остануваат мистерија.

https://p.dw.com/p/L3SB

Традиционалната блискост помеѓу Мадрид и Атина е добро позната и е засилена од идеолошката блискост, објаснува шпанската дописничка во Брисел, Гризелда Пастор. Сепак, вели таа, тоа не значи дека Македонија не може да извлече корист од шпанско-грчките односи: „Мислам дека Шпанија сака да најде решение за ова прашање, за неа е важно. Дали ќе успее или не, не знам. Јасно е дека во Грција има нова влада, новата влада е социјалистичка како шпанската влада и има традиционална блискост меѓу двете држави, но тоа не значи дека тоа е спротивно на македонските интереси. Напротив, може и да биде корисно за Македонија, ако Шпанија успее да постигне поволен договор со Грција, за Македонија.“

Logo EU Ratspräsidentschaft Spanien

За поранешниот словачки министер за надворешни работи, Едвард Кукан, сега европарламентарец, член на комисијата за надворешни работи, важно е Мадрид да одигра подинамично на следниот Совет и да не дозволи да се повтори заклучокот од осми декември во Брисел. „Непотребно одлагање би било да се навратат на ова повторно на многу широк начин и одлуката на следниот Совет да биде повторување на оваа одлука. Тоа е непотребно одлагање, мислам дека е важно да се навратиме на ова прашање скоро. Тоа е зборот кој недостига во одлуката на Советот. Цитирам – ќе се наврати на отворањето на преговорите со ПЈРМ за време на следното претсeдателство. Повикувам да се додаде навраќање на ова прашање што поскоро.“

Факторот време игра важна улога

Сите во Брисел ја потсетуваат македонската влада дека факторот време е многу важен за македонските европски аспирации. На Скопје е да покаже волја за решавање, и на Скопје е да ги презентира своите предлози, за да може да им помогне на своите пријатели да и помогнат во битката за датум. „Ако македонската влада не може да покаже кои се нејзините конкретни отстапки во спорот, да покаже дека има конструктивни предлози, тогаш ќе биде тешко да им се помгоне, времето е од голема важност во овој спор, за тоа велам дека македонската влада треба да биде свесна за стратегиската важност од решавањето на овој спор.“

За шпанското претседателство, прашањето со Македонија ќе биде предизвик, на Македонија е да му ја олесни работата на Мадрид, со конкретен притисок. Приоритетите за наредното претседателство Шпанија ќе ги претстави в петок во Брисел. Експертите забележуваат дека шпанското претседателство својата мисија ја започнува со еден важен хендикеп, а тоа е дека ЕК ќе се составува дури во февруари.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Алексзандра Трајковска