1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мадрид – денови на национална жалост

12 март 2004

Билансот на најстрашните атентати во шпанската историја за сега изнесува 198 загинати и околу 1500 повредени, од кои 44 се уште се наоѓаат во животна опасност

https://p.dw.com/p/AcP7
Фотографија: dpa

Во Шпанија е прекината предизборната кампања за неделните парламентарни избори и прогласена е тридневна национална жалост. Железничкиот сообраќај е повторно воспоставен, а на локомотивите висат црни ленти. Фоајето на главната железничка станица на Мадрид е полно со свежо цвеќе и свеќи.

“Нема зборови да се опише она што се случуваше овде“ - вели една минувачка.

Телата на жртвите се сместени во саемска хала во предградието на Мадрид, каде експерти за судска медицина и членови на семејствата се обидуваат да ги идентификуваат:

“Ситуацијата овде е страшна, уништени семејства, луѓе кои плачат, неописливо....“ - вели едно младо момче, борејќи се со солзите.

Илјадници граѓани на Мадрид се одзваа на пивкот за дарување крв. Уште 500 нивни сограѓани се наоѓаат во болниците на Мадрид, од кои 44 се уште се борат за животот.

Полицијата успеа да демонтира уште една бомба, спакувана во патна торба. Таа се наоѓала меѓу големиот број куфери и други патни торби собрани во полициска станица по атентатите. Била случајно откриена, бидејќи во неа ѕвонел мобилен телефон, кој како што утврди полицијата, требало да ја активира бомбата. За среќа направата не функционирала.

Истражните органи следат повеќе траги околу можните организатори на серијата атентати. Портпаролот на владата Едуардо Заплана изјави дека писмото со кое одговорноста ја презема Ал Каеда не е уверливо. Во писмото што стигна во редакцијата на арапскиот весник Ал Кудс, што излегува во Лондон, се вели дека нападите требало да бидат подмирување на старите сметки со Шпанија, “крстоносецот и сојузникот на САД во нивната војна против исламот“. Писмото му се обраќа и директно на шпанскиот премиер со зборовите: “Азнар, каде е сега Америка да те заштити од нас?“

Владиниот портпарол Заплана посочи дека не е во стилот на оваа терористичка мрежа веднаш да је преземе одговорноста, туку таа тоа го прави многу подоцна. Тој исто така катергорично ги демнатираше информациите дека една од експлозиите била причинета од атентатор самубиец. Меѓу жртвите нема ниту едно лице од муслиманско потекло, додаде Заплана. Тој уште потсети на податокот дека двајца осомничени членмови на ЕТА биле уапсени на 29. Февруари недалеку од Мадрид со мал автомобил транспортер во кој превезувале 500 кг екплозив. Кај нив биле пронајдени и географски карти од регионот во кој се случија експлозиите.

Се едно дали зад атентатите стои Ал Каеда или ЕТА, вечерва ширум Шпанија ќе се одржат масовни протести против теророт.