1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мажите на курс учат да чистат

Клаус Хенишдорфер/ Жана Ацеска28 февруари 2013

Во Фрајбург неколку пати годишно се одржува семинар на кој мажите учат како да чистат. Интересот е секогаш голем.

https://p.dw.com/p/17gx0

Школа за чистење за мажите во Фрајбург. Професионалецот Ахим Виле четирипати годишно организира семинари по чистење.

„Кога маж чисти дома заедно со жената, тоа не функционира. Жената автоматски презема шефовска улога и дели инструкции, што води до криза. Кој има добри искуства? Кој не не се кара при чистењето?“, прашува Виле.

„Јас, зашто никогаш не чистам“, се јавува еден од учесниците на курсот.

На Виле му е тоа познато:

„Аха, класична поделба на улогите. Мажите се како мали момчиња. Ако се на купче повеќе од тројца, се претвораат во деца, сакаат забава, едноставност. Кога ќе им се придружи жена, станува попроблематично. Да земеме малку чоколадо и да го размачкаме убаво по тепихот, како дома“.

Да се извалка е лесно, но повеќето мажи никогаш не научиле да чистат. За разлика од Ахим Виле. Мајсторот за чистење згради има државно признат сертификат. Обично тој обучува професионалци. Курсевите по чистење специјално за мажите му се особено омилени, а секогаш се пребукирани.

„Повторно сум самец и морам да го ја одржувам чистотата во станот“, објаснува еден маж.

„Жена ми ги чуваше децата дома, а јас одев на работа. Сега и таа повторно работи, па јас сакам малку да помогнам“, раскажува пак друг учесник на семинарот.

Повторувањето е мајка на знаењето, па и кај чистењето со правосмукалка. Инструкторот дава совети за уметноста на отстранување дамки.

„Ќе вежбаме отстранување флеки со посебна техника“, демонстрира Виле.

Мажите гледаат како се чисти, исто како што веројатно прават и дома, но овојпат со големо внимание.

Putzen Scheibenreinigung Fenster Schwamm
Фотографија: Fotolia/Picture-Factory

„Овде не тријам, туку едноставно ја впивам дамката од надвор кон внатре. Сега никој не може да види дека овде имало дамка. Така се чистат флеките на тепихот“.

Наградата по пет часа учење е диплома. И сознанието, чистењето е наука сама за себе.

„Тоа треба да се знае, иако не може наеднаш. Многу и запишував. Не е толку некомплицирано“.

„Секоја чест на жена ми - се чини секогаш правела исправно. Сега и јас сакам да пробам и да одам по нејзини стапки“, признаваат мажите.

„Кога маж ќе му се објасни нешто на маж и тој ќе го сфати тоа, а ние сакаме техника, би рекол дека тогаш ќе пристапи кон чистењето исто толку добро како и жена“, го пренесува своето сознание Виле.

Но, дури и професионалецот Ахим Виле не чисти радо дома и остава тоа да го прават другите, иако притоа се потпира на висока технологија.