1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонец меѓу киднапираните во Авганистан

28 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BkZN

Меѓу четворицата соработници на Црвениот крст кој заедно со еден Германец се заложници на непозната група во Авганистан се наоѓа и еден македонски државјанин, соопшти портпарол на Меѓународниот црвен крст. Македонското министерство за надворешни работи за ДВ потврди дека има такви индиции и оти сеуште го истражува случајот во постојан контакт со Меѓународниот црвен крст .

Црвениот крст соопшти дека нивните претставници биле во преговарачка мисија за ослободување на германскиот инженер и уште петмина авганистанци кои се заложници од јули. Од седиштето на организацијата во Женева се вели дека контактот со групата бил загубен откако тие јавиле дека сами се враќаат кон Кабул. Авганистанските власти соопштија дека германецот бил ослободен, но подоцна заедно со припадниците на црвениот крст повторно бил киднапиран. Покрај македонецот, киднапирани се и двајца авганистанци и еден државјанин на Мијанмар .