1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија – „Бела ноќ„

29 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bl8A

Околу 250 уметници од 12 држави ќе учествуваат на манифестација „Бела ноќ„, што трета година по ред се одржува вечерва во центарот на Скопје. Програмските содржини опфаќаат околу 50 настани на 29 локации, меѓу кои има концерти, хепенинзи и модни ревии. Централен настан е парадата на артистичката група од Словачка „Аргола„, како и француската акробатска атракција „Малабар„ , кои ќе изведат перформанс на плоштадот Македонија.