1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Македонија го заслужи кандидатскиот статус“

Александар Чомовски14 декември 2005

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска истакна оти очекува позитивна одлука. Претходно тој испрати и второ писмо до францускиот претседател Жак Ширак.

https://p.dw.com/p/AcAX
Фотографија: aptn

Граѓаните на Македонија веруваат во Ервопа и во Франција. Во име на заедничките цели се надевам на целосна поддршка, за македонското легитимно очекување во Брисел да добиеме кандидатски статус. Ова е второ писмо на македонскиот до францускиот претседател Жак Ширак, од чие ДА на Евро – самитот зависи визата за кандидатскиот статус на Македонија.

„Македонија го заслужи статусот кандидат за полноправно членство. Ќе го потсетам претседателот Ширак на огромната инвестиција што Франција ја направи и кон Македонија и кон регионот во целина, а се со цел да се стабилизира и да напредува токму во правец на европските интеграции. Јас се надевам дека утре и задутре на самитот на ЕУ сепак ќе се донесе позитивна одлука за Република Македонија и нема да се дозволи за еден друг проблем околу кој што има разлики во ЕУ, кој што е крупен и значаен меѓутоа на ниту еден начин не ја допира Република Македонија, ниту прогресот кој што ние го имаме направено во изминатиот период, да предизвика токму Република Македонија да биде жртва.“

Црвенковски претходно и поединечно писмено им се обрати на сите претседатели на 25те членки на Унијата.

Лобирање на македонскиот државно - владин врв

Македонскиот државно - владин врв е во грч со интензивни лобирања. Во Париз и Брисел отпатува и првиот либерал – демократ Ристо Пенов кој ќе има средби со владеачките ливберални партии, пред се со премиерот на Данска, од каде има мали резерви. Новоименуваниот нејзин амбасадор во Скопје денеска разговараше и со премиерот Бучковски.

Евроминистерската Радмила Шеќеринска вчера попладне во Маврово на меѓупартискиот дијалог: Македонија и Европските перспективи, со доза на резигнација предупреди, дека стопирањето на македонската кандидатура е лош сигнал за Балканот. Спроведовме непопуларни мерки и реформи, сега ЕУ треба да ги исполни ветувањата рече вице – премиерката

„ На Македонија и беше соопштено веќе во текот на цела 2005 година, дека статусот на кандидат зависи само од нас самите и тоа ние навистина го применивме како начело во нашето однесување, затоа Македонија влечеше храбри реформски потези, затоа владата некогаш беше критикувана дека оди пребрзо. “

Некои медиуми и весници објавија дека француското НЕ во Брисел е во директна спрега со Белград и со намера на Србија да си овозможи приближување кон регионалениот пакет за евро – интегирање, при што жртва би била македонската апсирација.

Потоа следувал и телефонски демант, на шефот на диплотијата од Белград Драшковиќ во контактот со Митрева. Од опозициските партии се огласи поранешниот премиер Георгиевски, кој бара одговорност од кабинетот на Бучковски ако не успее евро кандидатурата

„Веќе очигледно е дека ќе се случи. Нема да чекаат потреба граѓаните и партиите да ги повикуваат кои чекори треба да ги направат туку самите тие треба мислам дека дефинитивно да ја сносат целата одговорност за оваа ситуација во која се најдовме.“

Лидерот на ВМРО ДПНЕ Никола Груевски кој претходно лобираше меѓу десните партии во Брисел во писмена реакција преку „Дневник“ денеска соопштува:

Цитат

„Очекувам позитивен одговор без оглед на сите слабости на владата. Но претставниците на ЕУ и меѓународните заедници и посебно некои членки на Унијата се иритирани поради партизацијата на македонските институции, нема реформи во економијата и генерално.“ забележува Никола Груевски во денешен „Дневник“