1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија го празнува Илинден

2 август 2011

На денешен ден пред 108 години започнало Илинденското востание, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. Националниот празник на Македонија ќе се прослави со повеќе манифестации.

https://p.dw.com/p/128s4
Од минатогодишната прослава на Илинден во КрушевоФотографија: MIA

На традиционалниот народен собир на Мечкин Камен во Крушево, што е инаку и централно чествување на празникот, ќе говори претседателот на Собранието, Трајко Вељановски.
Во Крушево денеска ќе стигнат и коњаниците кои традиционалниот Илинденски марш и оваа година го почнаа од скопско Горно Лисиче на 27 јули.

На народниот собир во кумановско Пелинце, пак, кај Меморијалниот центар на АСНОМ ќе се обрати премиерот Никола Груевски. Годинава нема да биде испратена делегација на автентичното место на АСНОМ - манастирот Св. Прохор Пчински, кој е под јурисдикција на Српската православна црква. По повод Денот на Републиката македонскиот претседател Ѓорге Иванов ќе има обраќање на прославата пред споменикот на Методија Андонов – Ченто, првиот претседател на президиумот на АСНОМ на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Во битолското село Трново ќе се одржува традиционалната 40. Светска македонска средба, во организација на Матицата на иселениците и Светскиот македонски конгрес.

Автор: СН/ГЧ/миа

Редактор: Жана Ацеска