1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија го призна Косово

Александар Чомовски10 октомври 2008

Пред полноќ,(09.10.2008) македонската влада ја призна независноста на Косово, координирано со владата на Црна Гора. Одлуката следуваше по усвоената собраниска резолуција, со која се бара признавање на соседот.

https://p.dw.com/p/FXQm
Пратениците ја признаа државноста на соседотФотографија: Petr Stojanovski

Македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, смета дека овој чекор ќе има позитивен ефект во однос на регионалниот развој на настаните. Тој потенцираше дека чекорот не е насочен против трета држава и очекува дека тој ќе биде разбран од страна на официјален Белград.

Заеднички чекор на Скопје и Подгорица

По неколкумесечното тактизирање и речиси завршената демаркација на македонско – косовската граница, властите во Скопје и Подгорица со заедничка изјава и истовремено решија да воспостават дипломатски односи со Приштина. Србија реагираше експресно, го откажа гостопримството на српскиот амбасадор, а малку подоцна и на македонскиот амбасадор во Белград.

По прогласувањето на независноста на Косово се прогнозира заладување на македонско- српските односи.

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски оцени дека секоја идна акција треба да биде добро обмислена, прагматична, сериозна и да ги има во предвид перспективата и соработката која Македонија и Србија во следниот период.

Притисок за признавањето

Милошоски ја искучи поврзаноста на признавањето на Косово со решавањето на грчко – македонскиот спор околу името како американски проект за стабилизирање во регионот. Сепак, пристисокот од Вашингтон Македонија да биде 49- та земја која ја признава државноста на Косово, беше директен, особено за време на престојот на американскиот државен секретар за одбрана, Роберт Гејтс, во Охрид.

Резолуција иницирана од албанскиот политички блок

Македонската влада доби стимул за одлуката со собраниската резолуција, што ја иницираа лидерите на партиите од албанскиот политички блок, Али Ахмети од ДУИ, Мендух Тачи од ДПА и Имер Селмани од Нова Демократија.

Mazedonien hat Kosovo als unabhängigen Sttat anerkannt
Али Ахмети со пратениците од ДУИФотографија: Petr Stojanovski

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека Македонија како држава покажа почитување кон чувствата на граѓаните Албанци во земјата. Направен е голем чекор во правец на иднината на Македонија и на Косово кон Европа и НАТО.

Mazedonien hat Kosovo als unabhängigen Sttat anerkannt Menduh Taci im Parlament
Мендух Тачи, лидерот на ДПАФотографија: Petr Stojanovski

Со чинот на признавањето на Косово, Македонија дефинитивно е ставена во редот на земјите со прозападни стандарди и вредности. Ова е добар чекор кон меѓусебна доверба меѓу Албанците и Македонците, за да се гради заедничка држава, изјави Мендух Тачи од ДПА.

Парламентот со 85 гласови за, 1 против и воздржаните пратеници од опозицискиот СДСМ, ја усвои Резолуцијата за признавање на Косово.

Parlamentsgebäude in Mazedonien
Се бара разбирање од БелградФотографија: aptn

Иван Стоиљковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите, пред гласањето укажа дека се работи за одлука против меѓународниот правен поредок, тој единствено гласаше против.

Непосредно пред донесувањето на одлуката за признавање на Косово беше забележано распоредување на силни полициски единици околу државните институции во Скопје.

Признавањето на Косово го потисна во втор план последниот предлог на посредникот Метју Нимиц за решавање на спорот со Грција за името на држава. На викендот се најавува интензивирање на консултациите на државно – владиниот врв околу решенијата што ги предлага Нимиц.