1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија – Грција – име

7 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BDU5

Македонија покажа конструктивност со прифаќањето на нацрт предлогот на посредникот Метју Нимиц. Очекуваме таква конструктивност да покаже и грчката страна, порача шефот на македонската дипломатија Антонио Молошоски по средбата со потсекретарот на ОН и заменик директор на УНДП, Ад Мелкарт во Скопје. Повикувањето на грчката амбасадорка во Македонија Теодора Гросоманиду во Атина поради изјавата дека Македонија веќе ја признале под уставното име половина од членките на ОН, Милошоски ја објасни со нервозата на грчките политичари спроти парламентарните избори. Амбасадорката во изјава за весникот “Фајненшел тајмс“ порача дека Грција треба да се соочи со новата реалност околу името на северниот сосед.