1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија да продолжи со реформите

Александар Чомовски 5 април 2008

Македонскиот претседател и премиерот на средба со американскиот претседател Џорџ Буш и Јадранската група. По НАТО самитот експертите советуваат да продолжат преговорите со Грција и да продолжат реформите во Македонија.

https://p.dw.com/p/DcYT
Американскиот претседател Буш во Загреб се среќава со Јадранската тројкаФотографија: AP

Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски, пред заминување во Загреб ги почнале меѓусебните разговори за идната стратегија за разговорите околу името. Значаен дел домашната експертска јавност и странски добронамерници сугерираат продолжување на дијалогот.

За името се очекува да стане збор и на работниот ручек на претседателот Буш со челниците од Јадранската група во Загреб.