1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија доби пристап до пристапните фондови на ЕУ

30 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BzBP

Македонија денеска потпиша две спогодби со Европската Комисија, финансиска и рамковна , со што ќе може да користи сретсва од пристапните фондови на Европската Унија . Спогодбите ги потпишаа вицепремиерот Габриела Коневска Трајковска и амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере “ Ова е почеток на нова значајна фаза во напорите на ЕУ за помош во Македонија –истакна Фуере истакнувајќи дека владата треба да покаже капацитет за прием на овие сретства , и доколку резултатите бидат позитивни , износот ќе биде зголемен . Финансиската спогодба се однесува на т.н. ”брза програма”, што ги покрива на реформите во полицијата и поддршка на проекти во вредност до 12 милиони евра а рамковната спогодба ги дефинира правилата за користење на сретсвата

Македонија е прва земја во регионот која ги потпиша овие две спогодби.