1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија доби статус кандидат

17 декември 2005

Шефовите на држави или влади на Европската унија официјално го потврдија статусот кандидат на Македонија за членство во Европската унија.

https://p.dw.com/p/AcAR
Фотографија: European Communities

Европската унија и додели на Македонија статус на кандидат за влаз во Унијата. Оваа одлука ја донесоа шефовите на држави и влади на Самитот во Брисел. Во заклучоците на завршниот документ на Самитот се подржува мислењето на Европската комисија и прогресот што го направила Македонија во достигнувањето на критериумите од Копенхаген и барањата од спогодбата за стабилизација и асоцијација. Во завршниот извештај се укажува на тоа дека натамошните чекори кои се поврзани со приближување на замјата кон ЕУ ќе се разгледаат на генерална дебата за идните рунди на проширување на ЕУ. Датум за почеток на пристапните преговори не е одреден.