1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија еврообврзници

Горан Петрески5 декември 2005

Македонија продаде обврзници вредни 150 милиони евра. Со парите ќе се враќаат стари долгови а нема да се вложува во инфраструктурата,како што сугерираат експертите.

https://p.dw.com/p/AeNO

Проектот „Еврообврзници“ владиниот адут што требаше да ја раздвижи македонската економија стартуваше успешно според оценките на министерот за финансии Никола Поповски. Се распродадоа македонските еврообврсници од првата емисија вредна 150 милиони евра. Со овие пари ќе се отплаќаат старите долгови на Македонија, нема да се вложува во инвестициски проекти како што сугерираат дел од експертите.

„И во овој момент нема економска оправданост да емитува еврообврсници со цел да се задолжува на комерцијална база за да инвестираа во инфраструктура и погрешни се сите експертски мислења дека треба за тоа да се задолжуваме. Ние за тоа се задолжуваме на пример во Светската банка дванаесет проекти во овој момент, во Европската банка сите инфраструктурни патишта ги правиме заедно со „ЕБРД“ и таму за разлика од овие има подолги рокови за отплата од 15 па дури и до 30 и има грејс период од три до пет години“

Купувачи на македонските еврообврзници се британски и гермаснки приватни фондови, банки и инвестициски куќи. Македонија ќе им ги врати парите за десет години со камата од 4,6 проценти. Во меѓувреме со парите ќе се раздолжи со Лондонскиот клуб на доверители. И тоа е добро во недостиг на издржани идеи за инвестиции, вели професорот Ванчо Узунов.

Ако иамаше Македонија развиена програма што да прави со развиените инфраструктурни проекти, јавни инвестиции во целото стопанство и ако имаше предвидено за секој вид на проект како ќе има извор на финансирање, и низ таа процедура се докажеше дека со издавање на еврообврсници е најпогоден начин да се финансираат тие проекти тогаш „да“ вели професорот Узунов.

Дел од експертите стојат на старото уверување дека за Македонија ќе биде подобро парите од еврообврзници да се инвестираат во инфраструктурни проекти со кој ќе се зголеми економскиот раст, така направи Хрватска.

„Тие пари се користени пред се за развојни проекти од здравството, училишниот систем со изградба на инфраструктурата“, кажа Александар Милошевиќ поранешен хрватски амбасадор во Македонија.