1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија има слобода на печат но нема стандарди

Горан Петрески3 мај 2006

Во Македонија има слобода на печатот, но нема стандарди во новинарството ниту правила за игра во професијата. Ова е оценката на македонските новинари кои за Дојче Веле ја анализираат медиумската сцена во Македонија.

https://p.dw.com/p/AdeH

Честопати слободата на печатото во Македонија се злоупотребува од сопствениците на медуиумите, кои се директно или индиректно вклучени во политиката. Според Бранко Геровски, уредник на Неделно Време, на македонскитот новинарство му недостигаат правила на игра, хаосот најдобро го користат сопствениците на медиумите, а за сметка на нивните интереси најмногу трпат објективниста, професионализмот и етиката

„Во сиве овие години, додека сум новинар, јас практично не паметам кога новинарскиот еснаф самиот застанал да пресуди што е етичко а што не е, што е кршење на професионализмот, што е објективно клеветње итн. Македонија има едно неактивно Здружение на новинари, има еден суд на честа кој практично воопшто не функционира. Нема значи никакви саморегулативни процедури и практики како што има во сите други поразвиени демократски земји. “

Меѓународната невладина организаиција Freedom Hous ја рангираше Македонија како делумно слободна земја, на 107 место од вкуно 194 рангирани држави според слободата на печатот. Според Бранко Ѓорѓевски уредник на весникот Дневник таквата позиција на Македонија е реална.

„ Искрено зборувајќи сеуште не се создаден претпоставки според кои ние би се поместиле во категоријата на слободни земји. Како се да функционира споед принципот снаоѓај се како знаеш и умееш, искористи го медиумот и формацијата со која располагаш на начин што ќе ти донесе одредена корист. Ако така функционирате не можете да кажете дека во Македонија има амбиент во кој медиумите се целосно слободни. “

Во Македонија има голема слобода на печатот комбинирана со релативно ниски стандарди во професијата. Многу медиуми ја злоупотребуваат информацијата за политички пресметки смета Сашо Ордановски од магазинот Форум плус. За него лошата оценка за Македонија од Freedom Hous е сосема заслужена

„Слободата на печатот не се мери само со цензурата и судските проецеси туку се мнери и според стандардите во професијата. Така што мислам главните причини за да кажам една средна накај очајна оценка на македонскотот новинарство лежи во ниските стандарди во професијата, а не во тоа дали новинарите можат или неможат да кажат што сакаат. Конечно мислам дека новинарите се подложни на автоцензура, пред се како резултат на стандардите на сопственицте на медиумите кои реков се главно политички или на чело на партија или мошне активни. “

Freedom Hous констатира дека приватните медиуми во Македонија се подложни на разни политички интереси. Државната радио телевизија ја фаворизира власта, а новинарите генерално поради страв да не ја загуббат работата си вршат самоцензура. Од поранешните Југословенски републики, Македонија според слободата на печатот е на последно место.