1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија испраќа нови 157 војници во Авганистан

АТ/ миа 28 декември 2012

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 51. седница ја изгласа одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција во Авганистан во состав ИСАФ.

https://p.dw.com/p/17AOH
Фотографија: DW

Заменикот министер за одбрана, Емил Димитриев во образложението нагласи дека учеството во рамки на НАТО предводената мисија ИСАФ во Авганистан беше прв придонес на Република Македонија кон мирот и стабилноста надвор од нејзините граници.

Придонесот кој започна во август 2002. година со симболично испраќање на двајца офицери во рамки на турскиот контингент, нагласи, постепено еволуираше во ротација на досега 2.122 македонски мировници и во национален придонес кој денеска е еден од најголемите по глава на жител во Авганистан.

Димитриев потенцираше дека се работи за една механизирана пешадиска чета во состав од 150 припадници на АРМ за обезбедување на командата на ИСАФ, двајца штабни офицери во командите на ИСАФ и, пет припадници на АРМ во состав на наменските сили за партнерство и советување за поддршка на третата бригада од 209-от корпус на Авганистанската национална армија.

Република Македонија ќе учествува во мисијата ИСАФ се’ до нејзиното завршување во 2014. година според определената динамика од НАТО. Учеството по 2014. година ќе се одвива во облик кој ќе биде дополнително определен од страна на државното раководство и НАТО.