1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија и Германија одат понатаму

Агенциии, Е.М.Ф.23 јануари 2009

На Светското првенство во ракомет, репрезентацијата на Македонија ја победи Русија со 36:30. Германските ракометари, очекувано, првиот круг го завршија како први во групата „Ц“.

https://p.dw.com/p/Ged7
Паскал ХенсФотографија: AP

Македонските ракометари го постигнаа она што многумина до пред два дена можеби и не веруваа дека ќе се случи - се пласираа во вториот круг натпревари благодарение на победата против Русија. По наизменичното водство во првото полувреме на двете екипи, ракометарите на Македонија во вториот дел имаа целосна контрола на играта.

Handball WM 2009 Deutschland Polen
Германските навивачи не се сомневаа во силата на своите ракометариФотографија: picture-alliance/ dpa

И Германија е изненадување

По завршувањето на првиот круг натпревари во групата „Ц“ Македонија е на третото место, на второто е Полска, а Германија, заслужено на првото место. Ваквата позиција на германската репзентација, за дел од набљудувачите во Германија, пред се‘ за експертите за ракомет, е по малку и неочекувано, зашто ретко кој пред почетокот на првенството очекуваше така силна екипа. Капитенот на Германија, Михаел Краус со оценка: „Секогаш верувавме во нас и знаевме дека имаме многу млади играчи, но играчи кои се мотивирани, кои на секој тренинг даваат се‘ од себе, кои сакаат да играат и тоа е голем плус за екипата која сраснува .“

Mazedonien Handball Nationalmannschaft
Македонската репрезентација им донесе огромна радост на навивачитеФотографија: Petr Stojanovski

Дванаесет екипи се борат за медали

Германија, Полска и Македонија, сега се заедно во вториот круг натпревари во т.н. Втора група, каде доаѓаат уште репрезентациите на Србија, Данска и Норвешка. Во т.н. Прва гупа ќе играат Хрватска, Шведска, Јужна Кореја, Франција, Словачка и Унгарија. Учество во полуфиналето ќе обезбедат двете првопласирани екипи, додека останатите ќе се борат за пласман од петтото до дванаесеттото место.